Потресно – Северина ја запеа песната за својот син и се расплака

Пејачката поминува низ најтешкиот период во животот

Северина настапи во загрепската „Арена“ во склоп на својата турнеја „The Magic Tour“. Таа концертот го започна со молитвите, а пред крај ја отпеа и песната посветена на нејзиниот син Александар и се расплака.

Откако ги испеа воведните три песни, таа и се обрати на својата мајка во публиката и и се заблагодари, а потоа започна со молитвите „Оче наш“ и „Здраво Маријо“.

Северина пред самиот крај на песната за Александар, не можеше да се воздржи и се расплака пред публиката.

„Оваа песна не ја пеам само за својот син туку и за сите деца на овој свет и за сите мајки“, изјави Северина пред да ја запее песната посветена на нејзиниот малолетен син и пред потполно да ја скршат емоциите.

Да потсетиме, судот во Загреб неодамна донесе одлука старателството над нејзиниот син Александар да го добие нејзиниот поранешен сопруг, Милан Поповиќ, што предизвика шок во целиот регион.

 

(Visited 114 times, 1 visits today)