После 35 години од култниот филм „Враќање во иднината“ главните актери повторно заедно
Трилогијата „Враќање во иднината“ без сомнение се вбројува меѓу најдобрите во филмската историја. Хумористичен, динамичен и возбудлив, тоа се филмови кои прават да се чувствувате добро и не можете да не ги сакате.
Ако сте станале носталгични за популарните филмови од оваа трилогија, главните актери Кристофер Лојд и Мајкл Џ. Фокс се најдоа повторно заедно 35 години по првиот дел од „Враќање во иднината“ и нивното селфи го објавија на Инстаграм за да ја овековечат оваа специјална прилика.
https://www.instagram.com/p/CCMvnQgDnZt/
Целта на нивната средба беше годишната хуманитарна покер забава во организација на Фондацијата на Мајкл Џ. Фокс кој собира пари за истражување за Парконсонова болест.
Постариот актер Лојд селфито со Мајкл го објави на Инстаграм со порака „Одиме 500 на час на покер забавата кај Мајкл.
https://www.instagram.com/p/B9W_k18Bxl2/?utm_source=ig_embed
Откако многу фанови ги видоа своите херои од детството повторно заедно, почнаа да пристигнуваат интересни пораки: „Кажете некое поиконично дуо! напиша еден од фановите. „Јас ќе почекам“. Ама извинете, не можам – ови двајца се најдобри“, пишуваат фановите кои ги израдува оваа средба на Марти и Док Браун.