Посвоија девојче од Уганда, но кога ја слушнаа нејзината приказна без двоумење ја вратија назад
Усвојувањето на деца од трети земји во последните неколку децении стана популарно кај богатите семејства, и ова најмногу се однесува за западниот свет.
Истото беше направено, на пример, од Анџелина Џоли и Мадона. Но, колку и да звучи тоа позитивно, секогаш има зли луѓе кои сакаат да ги искористат тешките животни приказни и децата за да дојдат до финансиска корист.
Џесика и Адам Дејвис од Соединетите Американски Држави веќе имаа 4 деца, но сепак одлучија и да посвојат едно.
Џесика и Адам Дејвис од САД веќе има четири деца, но сепак одлучија и да посвојат едно дете, 6-годишно девојче од Уганда. Им беше кажано дека малата Намата останала без семејство. Нејзиниот татко починал, и нејзината мајка не се грижела за неа и никогаш не ја праќала на училиште. Агенцијата што го организираше посвојувањето му кажа на семејството Дејвис дека нејзината мајка не може да се грижи за неа и дека усвојувањето ќе биде вистинско решение за девојчето. Тие се согласија и ја посетија Уганда во 2015 година, но не во нејзиниот дом туку во сиропиталиште каде што немаше играчки, па дури ни соба со прозорец.
Девојката им се допаднала на прв поглед, па решиле да ја посвојат и однесат со нив во САД. Но, штом го научила англискиот јазик, Намата почнала да им кажува дека и недостасува нејзината вистинска мајка. Сè што таа им кажала било целосно спротивно од она што го слушнале од агенција за посвојување. Нивната приказна била целосна лага. Сфатија дека биле измамени и дека усвоиле дете кое живеело среќно со неговата мајка . Тие ги известиле институциите и успеале да стапат во контакт со мајката на Намата.
Она што го виделе, во никој случај не била вообичаена реакција на злоупотребувано дете. Напротив, Намата била среќна кога ја видела својата мајка преку видео повик. Со нејзината биолошка мајка тие се согласија дека ќе ја школуваат и дека ќе ја вратат кога ќе го заврши своето образование.
Организацијата „Reunite Uganda“, која се занимава токму со вакви проблеми, подоцна дозна дека Намата била практично киднапирана од своето семејство, заедно со уште седум деца од нејзиното село и испратена во домот за да измамниците добијат пари за нив. Семејство Дејвис знаеше дека посвојувањето беше голема измама и затоа девојчето го вратија во Уганда по една година, каде што таа сега живее со својата мајка. Иако се чинеше дека ќе остане без своите родители, нејзината приказна добро се заврши, и во семејството Дејвис таа пронајде добри пријатели кои ќе останат со неа во контакт најверојатно до крајот на животот.