Поранешниот македонски пратеник не ја крие среќата кога е со неговата избраничка – погледнете како ужива со неа на медениот месец
Како што самиот откри на Фејсбук, поранешниот пратеник Павле Богоевски замина со саканата на меден месец.
Од фотографиите што тој ги објави на својот профил можеме да видиме која дестинација ја избрале и како уживаат.
Имено, Павле се пофали дека отпатувале на островот Маврициус каде сега уживаат во медениот месец.
Марк Твен уште во 1896 година за овој остров ќе напише „Изгледа како најпрво да настанал Маврициус, а потоа рајот“.
Островот важи за место на кое многумина се венчават или доаѓаат на меден месец, а во овој период од годината е посебно убав.
Од фотографиите што Павле ги објави можеме да видиме дека и двајцата уживаат во авантурите и преубавите плажи.
Инаку, поранешниот пратеник и неговата сопруга Александра пред еден месец се заколнаа на вечна љубов, кога во еден познат скопски ресторан на падините на Водно направија и гламурозна свадбена церемонија.
Невестата тогаш блескаше во нејзината преубава венчаница, а Павле за овој посебен ден избра класичен костум.
И додека тој цело време не ја тргаше насмевката од лицето, Александра со својот шарм ги „опиваше“ гостите.
Таа носеше тесна бела венчаница која ја следеше линијата на нејзиното тело и која беше со симпатична панделка во задниот дел.
Инаку Александра која по потекло е од Штип беше пет години во врска со Павле пред да застане на „лудиот камен’.
Запросувањето се случи минатиот август, на островот Хвар во Хрватска, а среќната вест и тогаш ја сподели Богоевски.
Како изгледаше и овој момент, погледнете во продолжение:
Погледнете ги и останатите фотографии:
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски
Фото: Фејсбук/ Павле Богоевски