Реклама
Новости

Поранешната Гранд ѕвезда си ја соголи душата – невестата го остави пред свадбата, тагува сé уште по неа?!

Младиот пејач си ја отвори душата во новиот спот

Реклама

Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд, Бенјамин Кличиќ, ги израдува своите верни фановите со новата песна „Пожешка од сонце“.

Станува збор за емотивна балада со моќен текст, а ако судиме според коментарите на Јутјуб пред нас е уште еден летен хит.

Спотот за песната е снимен на неколку локации, а со дејствието се прикажува како девојката го оставила пејачот пред венчавката.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Ми велат дека си убава за други, како никогаш за мене. На луѓето животот пред очите им поминува, а за тебе застана времето“.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Ми велат дека си убава и уште поубава, но студена и без срце. Само со мене беше вистинска и пожешка од сонце“, гласат стиховите во песната.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Веднаш следуваа бројни коментари на публиката и сите се согласни дека младиот пејач ги изненадил сите со својата нова балада.

Инаку, Бенјамин при крајот на минатата година се сврши со неговата сакана Хана. Тие направија венчавка во потесен круг на семејството и најблиските, а како што самиот изјави во една пригода, брачниот живот му оди супер и се чувствува исполнет, затоа што здраво семејство е нешто што отсекогаш го посакувал, па сега максимално ужива во неговата нова улога во животот.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пејачот неодамна додека беше на патување во Америка имаше проблеми со здравјето, но по месец дена поминати во болница, каде беше итно опериран, им се врати на обврските и продолжи со настапите.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„За жал заради моите обврски страда мојот семеен живот бидејќи најмалку сум дома, но имам прекрасна сопруга која сето тоа го разбира и ми дава полна поддршка. Секој слободен момент го користам да бидам во Словенија со неа и со нашиот едногодишен син“, изјави Кличиќ неодамна за „Курир.рс“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button