Поранешната водителка од „Брза кујна“ ја покажа ќеркичката- еве на кого личи малата Сара
Поранешната водителка од „Брза кујна“ реши да го покаже ликот на нејзината ќеркичка.
Александра Илиевска народот ја засака како дел од проектот „Брза кујна“ и со своето појавување веднаш ја освои публиката.
Сепак поради бременоста таа реши некој период да се повлече и да одмара, а сега се врати на малите екрани, но како дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Освен што е максимално посветена на својата професија, Александра е активна и на социјалните мрежи, па често објавува фотографии од својата ќерка Сара.
Иако извесно време го криеше нејзиниот лик, сега таа направи исклучок па го покажа нејзиното преслатко лице.
Заедно со сопругот, Александра со својата наследничка прошетаа во природа, па објавија фамилијарна фотографија.
-Најважното нешто во светот е семејството и љубовта, напиша Александра.
Таа и изминатиот викенд објави фотографија од нив тројцата на која позираат со Сара додека беше сè уште бебе.
Насмеани и двајцата, повеќе од очигледно е дека уживаат во родителството и заеднички поминатите мигови.
Инаку водителката во едно свое интервју откри како таа и сопругот се одлучиле за името Сара.
„Имавме неколку имиња кои ни се допаѓаа и многу бевме неодлучни.
Старосватицата ми подари и книга, речник на лични имиња за да имаме повеќе инспирација, па така имавме пет имиња кои ни беа во потесен избор, но сопругот сепак остави на мене.
Кога се породив и ја имав во раце првото име кои ми дојде да и го кажам беше Сара, таа е наша мала слатка принцеза“, кажа водителка.