Поради љубов ја напушти Македонија и се откажа од музиката – за ХЕРОЈСКОТО дело на нејзиниот сопруг зборуваше целиот свет

Во почетокот на 90-те стана популарна преку ноќ, па иако ја снема од македонската мизичка сцена нема некој што не се сеќава на неа или нејзините песни.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Стиховите на песната „Ноќна кралица“ која ја отпеа пејачката Ерзана Бериша сите ги паметат и ден денеска ги потпевнуваат.

Ерзана издаде албум кој имаше неколку хитови, „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „На чекор од тебе“, но поради љубовта таа се пресели во Америка и се повлече од музичката сцена.

Таа се омажи за Ариан Превала, се пресели во САД и се повлече од музиката, а денес е горда мајка на синот Дориан.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Ерзана е ќерка на тогаш популарните пејач од албанска националност во Македонија, брачната двојка Агрон и Наџије Бериша.

Пред некое време таа беше во Скопје, а не пропушти да се види со најдобрата пријателка, пејачката Елена Ристеска со која направи заедничка фотографија.

„Се сеќавате ли на оваа девојка? Ја обожавам“, напиша Елена на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Елена Ристеска

Инаку сопругот на Ерзана е инструктор по летање и пред неколку години беше актуелен како херој кој спаси стотици животи. За неговиот подвиг пишуваше и „Њујорк тајмс“.

Давајќи му часови по летање на студент пилот од Јордан, Ариан можел да загине кога студентот одеднаш намерно го насочил авионот „пајпер“ во густо населениот дел на градот Мериден, а потоа и во фабриката за воена опрема.

Превала успеал некако да избегне авионот да не се урне во местата каде што има луѓе, ниту во фабриката каде што работеле над 300 луѓе.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Авионот на крајот се урнал во една од улиците во градот. Студентот, за кого се сомневаат дека на овој начиин сакал да се caмo-yбие, зa-гинaл, а сопругот на Ерзана едвај пpeживеал.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Како и Ерзана, така и нејзиниот сопруг приватноста си ја чува за себе и не објавува фотографии на својот фејзбук профил.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

По 20 години повторно на сцената?

Неодамна познатиот македонски композитор Дарко Димитров соопшти дека после 20 години , заедно со Ерзана сака да снiмаат нова песна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тој неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека и Ерзана сака да сними нешто ново и дека летово најверојатно ќе ја реализираат идејата.

Фото: Инстаграм/ Дарко Димитров

„Во контакт сме со Ерзана цело време откако се повлече од музиката и веќе разговаравме да снимиме нешто ново. Ѝ викам: Дојди Ерзана, треба да си тука. Таа живее во Америка и има семејни обврски. Со неа навистина направивме фантастичен албум. Тој тогаш звучеше револуционерно, и звучи како да е сега направен. Таа како вокал го нудеше тоа, има фантастични импровизации и знаеше од една нота да направи седум“, вели Дарко во интервјуто.

Дарко не крие дека „Без зборови“ му бил еден од најдрагите албуми што ги снимил во неговата кариера и додава дека и денеска овие хитови звучат модрено и свежо.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

(Visited 1.638 times, 1 visits today)