Поради бременост се откажа од „Ѕвездите на Гранд“ – погледнете како изгледа сега
Пред неколку години се појави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и веднаш ја освои публиката со својот неверојатен талент.

Во прашање е Марина Паниќ, талентирана девојка од Словенија која со својот глас на кој никој не остана рамнодушен лесно премина во вториот круг, но никогаш не се појави повторно на сцената.
Причината што се откажа и не се појави на снимањето на вториот круг на ова талент шоу е во тоа што дознала дека е бремена.

Но по долгото породилно отсуство, таа повторно се врати во Гранд. Таа и овој пат успеа да помине во следниот круг.

Овој пат нејзин ментор е Ѓорѓе Давид, а како таа изгледа погледнете од фотографиите во продолжение.

Марина денес има 28 години и живее во Нова Горица.

Има завршено Виша педагошка, но исклучиво се занимава со пеење. Во слободното време сака да чита книги и да тренира, а за себе вели дека не сака неправди.