Популарната серија „Игра на троновите“ е инспирирана од земјите од поранешна Југославија – еве кои се Македонците

Писателот Џорџ Р.Р. Мартин на хит серијата на  ХБО- „Игра на троновите“ откри од каде му е инспирацијата за разновидните, но реални политички односи меѓу кралствата на Вестерос.

Мартин објаснил дека инспирацијата ја црпел од разновидноста и од политичките тензии на поранешните републики на Југославија.

ADVERTISEMENT

Откако решил да ја напише првата книга, Мартин поминувал часови во библиотеките за да собере што повеќе податоци за подрачјето на поранешна Југославија и за нејзините жители. Често историјата на јужните Словени му служела како водилка во понатамошното обликување на светот Вестерос.

Приказната, се разбира, нема врска со луѓето од тие подрачја. Ова е фикција, но секој што ќе ги погледне текстовите малку поблиску, може да препознае очигледни поврзаности меѓу историските и фиктивните ликови, локации и обичаи. Се разбира, географијата и нејзиниот распоред нужно се променети, но односите меѓу народите останаа непроменети – напоменува авторот.

Еве ги примерите:

Ланистерови – Словенија – русокоси, богати, мислат дека се подобри од другите.

Тајрел – Славонија и приморјето, богата и плодна земја, никогаш не се на власт, но секогаш се пресуден фактор.

Грејџој – Далмација, луѓе што се почитуваат само себеси, другите ги сметаат за послаби, луѓе што живеат од морето, историски гусари.

Вејл – Црна Гора, планински одвоен дел, неосвоив, чудни семејни односи, соколот како симбол.

Дорн – Македонија, југ, сонцето им е симбол, секогаш биле одвоени од остатокот, црномурни убави луѓе.

Баратеони – делови од Босна и Херцеговина, големи среќни луѓе, спремни да се напијат и да се најадат, храбри и стројни, Неум е Стормс Енд, излез на море. Роберт е како Тито, по неговата смрт почнува распадот на единството.

Старк – Србија, земја на волците, древните јунаштва. Белград е Белото пристаниште, Косово е Ѕидот. Од другата страна живеат Дивите.

Таргериен – Караѓорѓевиќи, кралско семејство во прогонство, младата Денерис е принцезата-престолонаследничка.

Риверлендс, Тали – Војводина, неутрална земја.

Facebook Comments
(Visited 3.962 times, 1 visits today)