Полудел кога видел дека има ќофтиња за ручек: Ги фрлил на улица и се истепал со татко му
Необичен расправија се случи минатата година во Вараждин, а инцидент беше помеѓу татко и син кои деновиве беа казнете по 600 куни (околу 5000 денари) од страна на судот.
Имено, 36-годишниот син се вратил по разводот да живее со своите родители во станот, бидејќи бил невработен и без приход. Тој не можел да плати дури и алиментација на дете кое останало да живее со својата мајка.
Нервозен и гладен се вратил од градот и го прашаа таткото што имал за ручек. 60-годишниот татко одговорил дека имаа „ќофтиња” за ручек, па синот погледнал кон храната и рекол „какво е ова ѓубре “.
Потоа тој налутено го зел тенџерето,и од балконот на вториот кат ги фрлил ќофтињата на улица.
По ова ситуацијата излегла од контрола. Таткото бесен од постапката на својот син го зграбил за лицето и легнал на подот, но во тој момент му испаднале очилата за читање. Синот како што изјави на судот во тој момент ги згазил наочарите и си заминал во својата соба.
Таткото во својот исказ кажа дека само малку го удрил по главата, но по овој настан синот завршил во болница бидејќи имал мала повреда на главата и еден скршен заб. На таткото не му беше јасно како синот се здобил со таа повреда кога тој само го фатил за устата и брадата. Синот, како што пренесуваат хрватските медиуми, изјавил дека и по овој немил настан се уште живее кај своите родители и е во добри односи со нив.