Полицијата во Јоркшир предупредува: Ако го видите овоj човек не му се доближувајте

Полицијата трага по маж со карактеристичен лик на кој му недостига половина од увото, поради направен тежок прекршок.

Јавноста е предупредена да не му приоѓа на 41-годишниот Дејл Поплтон од Бредфорд, Западен Јоркшир, кој е баран од властите и е познат дека има врски низ северот на Англија.
Полицијата во Западен Јоркшир истакна дека Поплтон може лесно да се препознае бидејќи има само „половина уво“ на десната страна.

Поплтон беше означен како „успшен криминалец“ во 2020 година, кога беше осуден на три години и девет месеци затвор за кражба.
За време на судењето, Крунскиот суд во Брадфорд слушнал како Поплтон претходно имал 19 пресуди за 99 прекршоци, многу од нив поврзани со нечесност.
Тој е опишан како белец со средна градба.

Извршени се опсежни истраги за да се лоцира Поплтон и секој што ќе го види се замолува да не му се приближува, туку веднаш да повика полиција на 999 или 101.
Полицијата во Западен Јоркшир рече: „Тој е многу карактеристичен поради фактот што има половина уво (десната страна).

Се смета дека тој има врски не само со областа Бредфорд, туку и со северна Англија. Последен пат е виден во Источен Јоркшир.
„Беа спроведени опсежни истраги за да се лоцира Поплтон, но тој намерно ја избегнува полицијата“.