Политичарите со пораки за најголемиот христијански празник- Заев со семејството, а Димитров се пофали со необично декорирани велигденски јајца

Според препораките, иако светите храмови и цркви годинава за разлика од лани беа отворени, сепак тие одлучија да стана во своите домови и да го прославата Велигден во кругот на најблиското семејство.

Еден од нив беше и премиерот Зоран Заев кој објави и неколку фотогрфии од своето семејство во дворот додека се кршат со јајца со неговата преубава сопруга Зорица во родната Струмица.

-Саможртвата на Христос е подвиг од љубов, посветен на нас луѓето. Бог ни се даде како пример. Опкружени со љубов, но и со надеж за подобрите денови кои доаѓаат, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби, без омраза, без конфликти.

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!

„Христос воскресна! Навистина воскресна!“ напиша Заев.

ФОТО: Зоран Заев/ фејсбук
ФОТО: Зоран Заев/ фејсбук
ФОТО: Зоран Заев/ фејсбук

Во духот на големиот празник честитка испратија многу политичари меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски.

ФОТО: Стево Пендаровски/ Фејсбук

-Велигден е празник на надежта. Ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба.

Верувам, празничните денови ќе инспирираат добри дела, ќе ја зацврстат вербата и ќе влеат надеж да истраеме.

Да празнуваме одговорно.

Нека е за многу години.

Христос Воскресна! напиша Пендаровски.

Слична порака испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на сите им посака многу здравје и просперитет.

ФОТО: Христинај Мицкоски/Фејсбук

-Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски.

На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста, напиша Мицкоски.

На социјалните мрежи пак изаменик претседател за европски прашања, Никола Димитров се пофали со необично декорирани велигденски јајца кои светат во темница, а нагласи и дека се направени од рацете на неговите синови.

Среќни празници со делото на моите синови и креативната внука! Јајца обоени со флуоресцентни бои што светат ноќе

Да сте сите живи, здрави, среќни и весели!, напиша Димитров.

 

ФОТО: Никола Димитров/Фејсбук
ФОТО: Никола Димитров/Фејсбук

Среќни велигденски празници ви посакуваме и ние, каде и да сте чувајте се и останете во добро здравје!

ФОТО: Никола Димитров/Фејсбук
(Visited 47 times, 1 visits today)