познат епидемиолог предупредува – влегуваме во клучната недела. Еве до кога ќе трае ваквата состојба

Епидемиологот Предраг Кон вели дека во Србија почнува третата недела која е една од клучните, а целта е да се развлече епидемијата која би можело да трае уште шест недели во режим каков што е сега.

Тој во гостувањето на РТС вели дека третата недела е една од клучните и тоа најмногу заради мерките што се воведени, па доколку се покажат како добри, а народот ги почитува, обемот на епидемијата ќе биде помал.

ADVERTISEMENT

Како што вели тој, тогаш треба само да се развлекува. И ако тоа дава успех, во таа насока да се продолжи.

Најверојатно ќе трае уште шест недели во режим како овој.

Тој потврди дека нема потреба да се носи маска на отворено, туку дека се делотворни само на затворен простор.

Кривични пријави за лица од Кочани кои не ја почитувале домашната изолација, бараат да се затворат кафематите

Поднесени се кривични пријави за уште две лица од Кочани за непочитување на мерката за самоизолација, со што досега за вкупно седум е покрената казнена мерка пред Основното јавно обвинителство.

Според информациите од општинскиот Кризен штаб, и двете лица при влез во државата на граничните премини потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација, но по неколкуте проверки, полициски службеници не ги нашле во нивните домови, по што им е поднесена пријава.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев повика да се почитува мерката на Владата со која се забранува собирање во група на повеќе од пет лица во паркови и на други јавни места и површини. „Од сопствениците на кафематите што се поставени на повеќе локации низ градот бараме истите да ги затворат за да се избегне можноста за собирање луѓе во поголеми групи. Овој повик се однесува и на таканаречените маалски продавници кои едновремено се користат и како места за консумирање пијалаци и собиралишта на луѓето. Поголем број од граѓаните на Кочани ги почитуваат препораките за превенција, за што потврда е намалената фреквенција на луѓе и сообраќај. Сепак, за минимизирање на можностите за ширење на коронавирусот треба да се избегнува групирањето на најфреквентните локации во Кочани, практика од која дел од жителите никако не се одрекуваат. Пред сѐ, станува збор за Плоштадот и Градскиот парк, а забележани се активности од поголем обем и на неколку рекреативни терени во градот“, истакна градоначалникот Илијев.

Кон препораките и мерките за заштита од коронавирусот се придржуваат и свештениците од православниот храм „Св. Вмч. Георгиј“ од Кочани, при што ги информираат верниците дека ќе биде изоставен традиционалниот водосвет за Велигден.

Комуналните служби во Кочани продолжуваат со редовна дезинфекција на јавните површини, а Мобилниот сервис за домашна посета и службите за социјална заштита од Општина Кочани постапуваат советодавно кон граѓаните кои бараат помош и ги опслужуваат болните, старите и изнемоштените лица за набавка за храна и лекови.

Facebook Comments
(Visited 58.098 times, 2 visits today)
Loading...