Познатиот фолкер тргна по стапките на Адријана Алачки?! Фановите ШOKИPAНИ, а Бака Прасе би можел вода да му носи

Кризата предизвикана од епидемијата го натера да го остави микрофонот и да заплови во кулинарските води.

Фото: принтскрин/ Јутјуб

Познатиот фолк пејач, Дарко Лазиќ, неодамна откри дека ќе почне да снима видео клипови на Јутјуб за да ги покаже своите кулинарски способности.

И токму кога многумина помислија дека Дарко за шегува, тој го објави првото видео и предизвика лавина од реакции. И како што тоа обично се случува кога е тој во прашање, реакциите на социјалните мрежи и овој пат се поделени.

Јутуберите станаа пејачи, а пејачите јутубери, пишува еден корисник на социјалните мрежи алудирајќи на тоа дека на Јутјуб „трендинг“ листата се почесто преовладуваат песните на јутуберите, додека се поголем број пејачи одлучува да се посвети на оваа платформа и да споделуваат видеа.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

„Секоја чест Даре, Марина ќе заврши на апарати кога ќе види како си ја уништил кујната“, „Брате, три жени по тебе нема да можат да исчистат“, „Црни Даре, половина заврши надвор од тавата и на ѕидот“, му порачаа меѓу останатото фановите на Лазиќ, бидејќи додека го подготвуваше оброкот повеќе пати успеа да го исфлека ѕидот и подот во својата кујна.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Од друга страна имаше и позитивни коментари:

„Луѓе, помогнете им, на нив им е секој преглед важен, мени ова ми се допаѓа што го прави Дарко“, „Секоја чест, подобро ми е да го гледам ова отколку Бака Прасе“, „Ова навистина е убаво да се види, дека и мажот знае да пее и да готви, секоја чест“, пишуваат воодушевените фанови од видеото.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Инаку, познатиот пејач неодамна во емисијата „Премиера викенд специјал“ откри дека еден ден планира да ја напушти естрадата, но и дека во оваа бранша планира да се задржи уште една деценија. Планирам да работам до 40 години, и потоа да се пензионирам – започна тој па додаде и дека голема желба има да направи голем концерт во Арена.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Голема отскочна штица ми е концертот во Сава центар. Следен чекор, ако даде Господ здравје, Арена, изјави тој.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Тој исто така призна дека сега има многу помалку пријатели, но и дека славата во еден момент го „удрила“ во главата.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

„Посакав да имам малку приватност, имам свои луѓе, свој круг и не сакам да го ширам. Има многу непријателства на естрадата и суета. Човек што ќе каже дека славата не го пукнала во главата, лаже, се губиш, мислиш дека си најсилен, најпаметен, дека ти се сите пријатели, но не е баш така“.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

„Јас имав сериозно предушредување за да ми дојде паметот, колку толку. Не сакам да гледам во минатото“, изјави искрено познатиот пејач.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

И бидејќи нема настапи во последно време, тој реши со својата свршеница Марина Гагиќ да започне со мини кулинарско шоу.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Тој неодамна го претстави и својот прв рецепт пред публиката, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Што се однесува до неговиот долг, тој вели:

„Се уште ги немам вратен долговите, пораснаа. Беа милион, сега се милион и половина. Но добро, штом ќе почнам со работа, ќе ги вратам. Важно е дека главата ми е на рамениците“, изјави тој и додаде.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

„Ако некои други се задолжени, зошто и јас не би можел? Милион и половина евра не е воопшто малку“, заврши Лазиќ.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Кујната на Дарко
(Visited 241 times, 1 visits today)