Познатиот режисер и пријател на Цеца кој беше на кислород заради КОРОНАВИРУСОТ по 20 дена поминати во болница откри сé

Не крие дека има направено операција на желудникот, но и колку им е благодарен на медицинските лица што му го спасиле животот.

Дејан Миличевиќ прележа корона, а сега се огласи и раскажа како изгледаше неговата борба.

„Секоја ви чест, се боревме како лавови да ме спасите и утре да излезам по 20 дена поминати тука. Ви благодарам многу, ова не може да се опише, да се каже, да се изрази таква благодарност, ова е претежок период за мене и за мојот живот кој конечно се заврши на добро целосно“, изјави Дејан во видеото на Инстаграм по излегувањето од болницата.

„Мозочен удар никогаш немаше, операција на простата исто така никогаш немаше. Јас имав корона, ја победив, фала му на Господ и точно е дека го оперирав желудникот. Тоа никогаш не сум го криел, мислам дека е најискрена работа, дека сум искрен кога зборувам за својата здравствена состојба, бидејќи тоа може да им помогне на многумина кои се во години, или се наоѓаат во проблем како што го имав јас“, изјави тој во видеото.

„Им се заблагодарувам уште еднаш на сите, не сакав ова да се знае и да се слушне до толку, но сега кога гледам дека ова е вистина и дека короната е толку страшна, и сето она што го преживеав за овие 20 дена во болница, бев на кислород – бидете паметни, носете маски и внимавајте на себе. Ова е нешто од што само Бог може да ве сочува и не му го посакувате никому, па ни на најголемиот непријател кој решил во вакво време да пишува лаги и глупости. Важно е дека победив, дека победивме заедно и да се гледаме уште долго време“ заклучи на крај Дејан Миличевиќ на социјалните мрежи.

(Visited 214 times, 1 visits today)