Познатиот пејач и школски другар на Тоше Проески правеше свадба – погледнете каква венчаница носеше убавата невеста

Се славеше во домот на македонскиот пејач, честитки пристигнуваат од сите страни. Среќни и весели сите заедно славеа.

Маријан Стојановски и неговата избраничка Наташа направија свадба.

Кон крајот на 2019 година Маријан ја запроси убавата Наташа, за која дотогаш јавноста не знаеше ништо.

Наташа Каранџулоска по потекло е од Охрид и не е познато дали можеби има влашко потекло или влече крушевски корени.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Парот организираше гламурозна веридба во кругот на семејството, а фотографии од истата споделија на социјалните мрежи.

Од фотографиите на социјалните мрежи можевме да видиме дека младоженецот беше облечен во елегантно бордо палто и црни панталони. Неговата сакана пак, покрај интересниот розев фустан кој ја истакнуваше нејзината соршена фигура ја покажа тортата направена специјално за оваа прилика, како и букетот цвеќе и секако свршеничкиот прстен со кој беше побарана за сопруга од пејачот.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Поради пандемијата коронавирус тие се одлучија за скромна венчавка, само во кругот на најблиските.

Летото во 2020 година запловија во брачните води, а во фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи можеше да се забележи и дека Наташа е во поодмината бременост.

-Фамилија Стојаноски, напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Недолго после тоа тие ја споделија прекрасната вест. Двојката ја доби ќеркичката Вероника, која е нивно најголемо богатство и радост.

-Добре ни дојде ќерко Вероника“, напиша гордиот татко.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Откако пандемијата спласна и се отстранија сите мерки, кафеаните и угостителските објекти почнаа со работа, парот одлучи да направи и свадба, а воедно и крштевка за Вероника.

На нивните социјални мрежи се појавија фотграфии од денот на свадбата.

Наташа избра нежна венчаница во бела боја, која одлично ја истакна нејзината фигура.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Младоженецот пак, се одлучи за темно сино одело.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Нивните кумови споделија форографии од свечениот ден, а честитките не престануваа да стигнуваат и денови подоцна.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Инаку Маријан целосно се повлече од јавната сцена, не се појавува по интервјуа и живее мирно длеку од очите на јавноста.

Некогаш уживаше огромна популарнст, а денес е вработен во Македонската опера и балет. Иако никогаш не се откажа од музиката, сепак повеќе не снима соло песни.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Тој на македонската музичка сцена се појави во исто време со најдобриот македонски пејач Тоше Проески и не само што му беше сограѓанин и школски другар, туку многумина експерти во тоа време на почетокот на нивните кариери сметаа дека Маријан е еднакво талентиран и квалитетен вокал како и Тоше, па затоа и на обајцата им предвидуваа блескава кариера.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

До ден денес се потпевнуваат: „Подарок“, „Срце ќе ти украдам“, „Како сокол“, „Ненаситен“.

Интересно е тоа што народот сѐ уште го препознава по песната „Ненаситен“, а секако ниту еден роденден не може да помине без барем еднаш да се запее песната “Подарок”.

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски

Пејачот секогаш бил мета на критики и јавно осуди, но и порај сѐ никогаш не се откажа од најголемаtа љубов – музиката.

Доказ за неговиот успех е тоа што неговите песни се паметат до ден денес.

Сепак, негов најголем успех е основањето на семејството, а нивната среќа и хароминија се забележуваат од фотографиите на социјалните мрежи:

Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
Фото: Фејсбук / Маријан Стојаноски
(Visited 4.890 times, 1 visits today)