Познатиот македонски фудбалер ја остави поранешната заради популарниот јутубер? Eве што вели Бака Прасе за тоа!

Познатата блогерка Зорана Јовановиќ попозната како Зоранах отсекогаш привлекувала внимание.

Фото: Инстаграм

Таа важи за една од најпознатите дами на социјалните мрежи од овие простори, па многумина се интересираат што се случува и во нејзиниот приватен живот.

Па така таа на социјалната мрежи Јутјуб неодамна призна дека на почетокот од оваа година била во врска со фудбалерот Бобан Николов, но и дека се разделиле заради јутуберот Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе.

За врската помеѓу Зорана и Бобан пишуваа и српските медиуми, а српскиот Курир објави дека таа наводно своевремено го посетувала и во Италија, каде Бобан во тоа време играше фудбал за тамошниот клуб Лече.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Зорана и нашиот репрезентативец наводно биле во врска од февруари минатата година, а се запознале во заедничко друштво, пред самиот почеток на пандемијата. Како што тогаш пишуваше српскиот Курир, познатата блогерка и инфлуенсерка го посетила фудбалерот неколку пати во Будимпешта, по завршувањето на карантинот во Србија и кога епидемиолошката состојба го дозволила тоа. Зорана тоа впрочем и самата го потврди тоа во едно од своите видеа на крајот на октомври 2020 година.

Фото: Инстаграм/ Зорана Јовановиќ Зоранах

„Бев во Будимпешта три дена на шопинг“, рече Зорана тогаш кога се обраќаше преку едно од своите видеа.

Фото: Инстаграм/ Зорана Јовановиќ Зоранах

Блогерката тогаш не сакаше да навлегува во детали зошто дошло до крај на нивната љубовна врска, па само кратко кажала дека во последно време не се сложувале најдобро, па и двајцата решиле да ја прекинат врската.

Според зборовите на изворот на Курир, на прашањето на пријателката на Зорана дали кога последен пат била во Италија била кај Бобан, бидејќи тој тогаш играше фудбал за тамошниот клуб Лече, Јовановиќ наводно како од пушка одговорила дека тие двајцата веќе некое време не се заедно.

Фото: Инстаграм/ Бака Прасе

Но овој пат Зорана објави ново видео на Јутјуб каде повторно зборуваше за својата поранешна врска.

Фото: Инстаграм/ Зорана Јовановиќ Зоранах

Во нејзиното видео се појави и познатиот јутубер, но дали тие со ова се шегуваа и само сакаа да привлечат внимание или навистина е вистина сето она што го кажаа во последниот влог на Зорана, останува да видиме.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Имено додека тие се возеа во новото Ферари на Бака Прасе, Зорана кажа дека тој сега и се одолжува вака затоа што зимава и направил проблем со момчето. По ова се надоврза Бака Прасе кој во шега изјави дека кога тој навистина би и бил поранешно момче би ги гледал сите нејзини видеа и воопшто не би му било сеедно што изгубил ваква девојка.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Зорана и самото видео го нарече „Бака Прасе ја изневери девојката со мене (или јас момчето со него)“, а во коментарите најмногу внимание привлече токму коментарот на Јутуберот.

„Јас ја изневерив Зорана со нејзиното момче“.

Фото: Инстаграм/ Бобан Николов

Повеќе од очигледно е дека Зоранах и Бака Прасе се шегуваа, но останува само да видиме дали нашиот репрезентативец ќе одговори на нивните прозивки.

(Visited 2.585 times, 1 visits today)