Познатиот македонски пејач ужива на плажа со двете најважни жени во НЕГОВИОТ ЖИВОТ – тие се неговото најголемо богатство

Македонскиот пејач ги покажа двете најважни жени во неговиот живот.

Андреј Ѓоргиески од групата ДНК ужива во летото заедно со семејството.

ДНК е една од ретките групи во Мкедонија која долго време опстојува и континуирано работи и има настапи.

Тоа се должи на многуте хитови кои Владимир Блажев – Панчо и Андреј ги имаат зад себе.

Основана е во 2002 година.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали, но и самостојно се трудат да помогнат на многу луѓе на кои им е потребна финансиска помош.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

И двајцата се големи хуманитарци и се вистински пример за сите познати личности во земјава.

И Панчо и Андреј се доста активни на социјалните мрежи, каде често споделуваат и семејни фотографии.

Андреј веќе 6 години е во брак со убавата Наталија, а плод на нивната љубов е малата Јана, која е центар на нивниот свет и причина за живот.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Андреј во јавноста беше познат како темпераментно момче, кое ги освојуваше срцата на девојчињата, но се се промени откако во неговиот живот влезе Наталија.

„Порано бев се, само не моногамен. Но, откако ја запознав Наталија, многу се сменив, веќе не е така“, изјави пејачот неодамна.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

По повод 5-годишнината од нивниот брак Андреј сподели нивна заедничка фотографија, па се пошегува:

„Да не беа социјалниве мрежи немаше да знам дека пред пет години сум се оженил“, напиша тој.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Вели дека уште од првиот ден со Наталија се првично најдобри другари и искреноста е најважна алатка за одржување на нивната љубов.

Животот целосно им се променил, секако на убаво, откако на свет дошла Јана.

Андреј вели дека сака Јана да стане исто така негов најдобар пријател на кој ќе го пренесе целото негово искуство стекнато во како што вели, во едно префригано време.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Деновиве семејство Ѓоргиевски ужива покрај вода, на плажа.

Имено, Андреј на својот профил на Фејсбук сподели и фотографии со сопругата и ќерката.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески

Она што може да се забележи е тоа дека Наталија изгледа одлично во костим за капење, а малата Јана се повеќе наликува на мама.

„Ако некогаш изгубам верба во тебе…Нема ништо да ми остане“, напиша Андреј во опис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Наталија Ѓоргиеска
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Наталија Ѓоргиеска
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
Фото: Фејсбук / Андреј Ѓоргиески
(Visited 114 times, 1 visits today)