Познатиот виолинист и неговата избраничка направија свадба за паметење- „ѕирнете“ како изгледаше убавата невеста!
Младиот талентиран и моментално најбаран виолинист во Македонија направи свадба за паметење.
Илија Филиповски со својата виолина успева да ја крене на нозе целата публика, а со насмевката освојува женки срца, но неговото срце го освои Анастасија, а љубовта ја крунисаа со брак и голема свадба.
Македонска свадба на која дел од гостите беа познати музички ѕвезди во Македонија меѓу кои Влатко Лозановски и неговиот колега хармоникашот Војче Петрушев и секако роднини и пријатели кои ја разубавеа оваа свадбена веселба.
Невестата убава како самовила, а вљубениот младоженец пресреќен и насмеан уживаше во веселбата, а на социјалните мрежи покажаа како изгледаше нивниот ден за паметење.
Пред неколку недели тие ја објавија својата веридба, а запросувањето се случи на Матка, а Анастасија со гордост го покажа преубавиот прстен.
„Таа рече ’да‘. Те сакам Анастасија“, напиша музичарот, кој ретко објавува фотографии со девојката.
Илија со својот шарм и насмевка успева секогаш да ја освои публиката, особено женскиот пол. Тој навистина добро си ја работи својата работа, а тоа се гледа по успесите кои ги реди.
Со музичката, односно свирењето започнал уште од млад, а на малите екрани го гледаме долги години.
Веќе три години Илија е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
Освен со „Танец“ Илија е ангажиран и со групата „Маестро“, а најавија и албум наскоро.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека тој и хармоникашот Војче Петрушев со кој заедно се дел од групата се поврзани и на друг начин, односно Илија му е кум на Војче, но двајцата наликуваат како да се браќа.