Познатиот актер откри детали од животот на Неда – неговите зборови ќе ви го скршат срцето

„Беше во депресија“

Актерот Феџа Стојановиќ ја делеше сцената со актерката Неда Арнериќ која вчера го изгуби својот живот.

ADVERTISEMENT

Според неговите зборови, познатата српска актерка не успеала да ја добие битката со депресијата со која се борела. Тие биле блиски пријатели, а кога не играле на штиците што живот значат, воделе долги пријателски разговори во кои Неда често му зборувала како се бори со тешката болест.

„Последните години работевме заедно на претставата ‘Се извинуваме, многу се извинуваме’. Ја сакаше посебно. Таа низ сите овие години поминуваше низ неверојатни фази. Во последните неколку години најмногу ја погоди прво болеста на сопругот, а потоа и неговата cмpт. Искрено кажано, многу ретко беше добро расположена, често беше во депресија. Имаше обид да си го одземе живoтoт, пред неколку години, и тоа беше причината за таквото расположение“, вели познатиот актер. Нејзиниот колега исто така додаде дека се уште не собрал храброст да се слушне со братот на Неда и дека верува дека починала од лековите што ги пиела.

„Не знам како го изгуби животот, дали се обидела да си го oдзeмe животот или природна cмpт. Нејзиниот живот беше огромна депресија, често ми зборуваше дека е под лекови и дека посетува психијатар. Можеби заврши како последица од сите тие лекови што ги земаше. Депресијата е зло во нејзиниот живот. Во нејзината глава сé се испомеша. Имала таков живот, а најголем проблем и беше што прескокна многу фази во својот живот. Немаше детство, како девојка не излегувала туку многу снимала и работела, а тоа на човекот му остава многу последици, што и самата знаеше да го каже“.

Беше првата детска филмска ѕвезда во Југославија (Getty Images)

Последен пат заедно играа претстава, а потоа таа се брзала да се подготви за пат бидејќи се радувала дека ќе замине во Индија, каде замина со помош на медитација и јога да се реши од депресија.

Последен пат задно играа претстава со која гостуваа и во Битолскиот театар, а потоа Неда замина во Индија.

„Пред месец дена гостувавме, видов дека е подобра. Не беше баш онаа старата Неда, но се гледаше дека оди на подобро. Ми кажа дека тоа е затоа што била во Индија на патување со јоги каде поминала месец и пол дена. Потоа замина во Австрија на скијање, бидејќи таму има некое помало станче. Се слушнавме и ја прашав како е? Тогаш ми кажа: ‘Не е баш онака како што очекував, но подобро сум, тука сум со пријател, па не можам да зборувам. Ќе се слушнеме…’ Никогаш повеќе не се слушнавме“, објасни актерот, а пренесе порталот „Србијаданас“.

Првата улога ја имаше на 13 годишна возраст (Getty Images)

Неда Арнериќ го изгуби својот живот на 67 години.

Полициската патрола на лице место изврши увид и разговараше со нејзиниот брат Предраг Арнериќ кој дошол да ја посети својата сестра, која сама живеела во станот, но вратата била заклучена. Тој ангажирал бравар, кој професионално ја отворил вратата од станот, по што Предраг ја затекнал својата сестра во безживотна состојба на столчето покрај масата во трпезаријата.

Брзата помош констатирала дека нема траги од насилство.

Facebook Comments
(Visited 3.739 times, 1 visits today)
Loading...