Познатата фолкерка се пожали дека естрадата нема пари и дека МУЗИЧАРИТЕ не знаат како да си ги платат сметките

Целата бранша е во голема криза, а луѓето немаат емпатија

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Пејачката Неда Украден, која меѓу првите апелираше државата да им се помогне на музичарите заради ситуацијата со короната, во утринската програма на една телевизија откри каква е ситуацијата во нејзината бранша.

„Јас зборував во името на браншата, ова е време кое ја брише уметноста. Тешко е да им објасните на луѓето кои немаат никаква емпатија и солидарност. Луѓето трпат, тие се на работ на егзистенцијата и во тоа не треба да се сомневате. Еден музичар кој има семејство и кој работеше и живееше само од тоа, верувајте ми дека е во голема криза и ова стана алармантно. Сите се надеваме дека наскоро ќе дојде подобро време“, изјави таа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа истакна дека добила понуда да пее и за дочек на Нова година, но не сакала да прифати ниту една понуда.

„Понудите се актуелни и досега имав доста, а веројатно ќе имам и понатаму, но за кого, каде и што? Да одам во затворен простор и да пеам тајно за 30 луѓе во затворен простор не ми паѓа на памет. Состојбата е алармантна, знаете кога седум месеци не работите не е лесно да се плаќаат сметки“ изјави познатата фолк-пејачка во емисијата во живо.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Не и е прв пат

Ова не е прв пат Неда да зборува за кризата во која се најде нејзината бранша. Таа тоа го направи и на почетокот од епидемијата, но тогаш многу познати музичари не застанаа на нејзина страна. Еден од нив беше и Аца Лукас, кој искрено призна дека верува дека таа не е во право затоа што пејачите заработуваат многу повеќе од другите, и дека треба да помогнат, а не да бараат помош. По неговиот коментар, Неда повторно се огласи и објасни што сакаше да каже.

„Кога реков дека треба да им се помогне на пејачите, не мислев на мене, туку зборував во име на индустријата. Не се малку луѓе кои живеат од овој бизнис, има повеќе од 10,000 пејачи, музичари … Постојат обични музичари кои не работат со високи хонорари. Ним им е потребна помош затоа што не работат и веројатно не работат веќе некое време“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Овие луѓе имаат семејства за кои се грижат, можеби некој во семејството кој е болен и им требаат пари за лекови, терапии … На луѓето им е потребна помош за да живеат нормален живот. Јас не влегувам во туѓите паричници и не ми е гајле за тоа. Ако има некаква помош, за да не се плаши Лукас, нема да аплицирам за заем или за помош, или да земам кредити, на мене тоа не ми треба. Не сум му лута на Лукас, но јас не зборував во свое име, туку во име на индустријата и сите други кои немаат можност да побараат помош. Тука мислам и на драмските уметници “, објасни тогаш Неда.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
(Visited 180 times, 1 visits today)