Познатата српска манекенка без ниту едно парче облека на себе ги сруши социјалните мрежи – нејзината порака сите ги воодушеви

Со ново провокативно издание го запали Инстаграм

Фото: Инстаграм/ Јована Швоња (@callmelolita)

Српската манекенка и модел Јована Џорџевиќ Швоња е мошне популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат повеќе од 300 илјади луѓе.

Таа е во среќен брак со фудбалерот Филип Џорџевиќ.

ADVERTISEMENT

Швоња овој пат на својот профил на социјалните мрежи објави провокативно селфи на кое е како од мајка родена, а на главата има само сламен шешир.

Фото: Инстаграм/ Јована Швоња (@callmelolita)

Манекенката која со фудбалерот има ќерка Ноел и син Леон на фотографијата не носи ни едно парче облека.

„Сите сме родени убави, најголемата трагедија е кога се убедуваме дека не сме. Добро утро, разбудете се и заблескајте“, порача убавата манекенка под нејзината фотографија и ги воодушеви своите обожаватели.

Фото: Инстаграм/ Јована Швоња (@callmelolita)

Таа во моментот заедно со сопругот и децата ужива во Грција. Со своето среќно семејство живее во Верона, каде нејзиниот сопруг игра за тамошниот фудбалски тим.

Facebook Comments
(Visited 896 times, 1 visits today)