Познатата оскаровка во бајковит фустан најави дека наскоро ќе застане под олтарот

Според странските медиуми наскоро треба да се случи свадбата на познатата Оскаровка.

За нивната љубовна врска и венчавка не се знае многу но последните фотографии од парот даваат сомнеж дека деновиве го прославиле својот „bridal shower“ во Њујорк.

ADVERTISEMENT

Џенифер Лоренс (28) својата љубов ја пронајде во кураторот на уметничка галерија Куки Марони (34), а тоа дека се свршени потврдија во февруари оваа година. Холивудската актерка и кураторот се во врска од летото 2018 година и прв пат се појавија заедно само неколку месеци откако Џенифер се раздели од режисерот Дарен Аронофски. Од почетокот на нивната врска беа мошне внимателни и успешно се криеја од љубопитните очи на јавноста, па деталите за нивната свршувачка не беа познати.

Сепак, благодарение на социјалните мрежи, се чини дека големиот ден се приближува, а тоа го откри и нејзината шминкерка која на Инстаграм сподели фотографии од Џен во бајковит фустан во боја на праска.

„Да, голема е радост да се биде со вас во овие моменти! Еве ја, доаѓа, не можам да бидам посреќна и повозбудена што ќе стане госпоѓа! Овој викенд наздравивме за Џен и нејзиниот избраник и иден младоженец“, напиша шминкерката.

Како што дознава извор близок до магазинот „People“, парот ангажирал два луксузни хотели во Њујорк на почетокот на април. Изворот истакнува дека Џенифер е вистинска „фамилијарна девојка” и претпоставува дека свадбата ќе се одвива во потесен семеен круг.

Во Големото јаболко Џенифер го кажа и своето судбоносно ДА, откако партнерот ја запроси на вечера.

Изгледаше дека нешто славеа луѓето и сите зборуваа за тоа. Прстенот е многу воочлив. Седеа во ќошот, а таа носеше симпатичен црн фустан со точки, изјави тогаш сведокот кој се најде во близина во тој момент.

Facebook Comments
(Visited 21 times, 1 visits today)