Познатата манекенка во најпосакуваниот капут за оваа сезона – еве каде да го најдете и вие!
Откако Бела Хадид не воодушеви со своето топло есенско издание на ред дојде и нејзината сестра Џиџи.
Но за разлика од Бела, која ни одржа лекција како да носиме џемпер-фустан и да изгледаме неверојатно шик, познатиот ангел на Викторија низ Њујорк се прошета во беспрекорно издание совршено за студените змиски денови и првите снежни врнежи. Имено, една од најплатените манекенки на светот, Џиџи Хадид овој пат „фураше“ преубав кариран капут во кафеави нијанси со дупло закопчување, а под него носеше црни хеланки и црна маица со бела линија, додека целото издание го зачини со бела чанта и црни мартинки.
Па доколку ви се допаѓа капутот што го носеше Џиџи не заборавајте дека истиот можете да го најдете во продавниците на познатиот хај-стрит бренд Манго.