Реклама
Опа!

Позираше ГОЛА, а потоа своето „ремек-делото“ БЕЗ ЦЕНЗУРА го објави на Фејсбук и предизвика СКАНДАЛ од епски размери

Реклама

Белгиската манекенка Мариса Папен го предизвика гневот на Евреите откако се сликаше разголена во близина на Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Атрактивната Мариса има 26 години и често се фотографира разголена, но овој пат изборот на локацијата и направи сериозни проблеми.

Маркетинг

Имено таа позираше на тераса зад Западниот или Ѕидот на плачот (станува збор за еден остаток од некогашниот Соломонов храм во престолнината на Израел), а во позадина дури се гледаат и верниците како се молат.

Маркетинг

Спорната фотографија можете да ја видите тука >>

Фотографијата беше објавена во познатиот белгиски магазин „HLN“, а предизвика бес кај верниците на чело се еден израелски рабин кој нејзиниот чин го нарече бесрамен инцидент кој ја нарушува светоста на местото и ги навредува чувствата на сите верници. Ваквиот огорчен став со него го делат и многу други корисници на социјалните мрежи, така што фотографијата предизвика бура од реакција и остри коментари на нејзина сметка.

Но само да потсетиме, оваа згодна Белгијанка и минатата година предизвика скандал со фотографија. Таа тогаш помина и 24 часа во египетски притвор бидејќи се фотографираше гола пред храмот во Карнак. Таа на својот блог редовно објавува фотографии на кои позира гола пред најразлични туристички атракции ширум светот, а себе се опишува како жена со „слободен дух и диво срце“.

„Религијата не претвора сите во животни. Ние не можеме да го слушаме своето срце и инстинкт. Од раѓање ни го перат мозокот. Како може голото тело некого да го разлути? Мислам дека религијата игра голема улога во тоа, па изразувајќи ја својата уметност на вакви локации, како и на онаа во Египет, се надевам дека ќе ја прекинам оваа пракса“, се правда згодната Мариса на социјалните мрежи.

Што мислите вие за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button