Погледнете што прави денеска поранешниот пратеник кој си даде оставка поради морални причини
Поранешниот пратеник од Собрание отворено зборуваше за приватниот живот и дозволи да ѕирнеме во неговата приватност.
Освен пратеник беше еден од водачите на Шарената револуција во 2016 година.
Павле Богоевски претходно работел како асистент на факултетот за безбедност во Скопје и ментор во полициската академија, а потоа и во ЛГБТ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во 2019 година, тој поднесе оставка од функцијата пратеник поради морални причини, па сега во „Магазин“ откри што работи денеска.
„Во овој момент сум вработен како извршен директор во Прогрес институтот за социјална демократија.
Тоа е невладина органиазија која работи на јакнење на социјалната демократија во нашата земја. Соработува со слични сестрински организации од Шведска, Финска, Данска, од регионов, од западен Балкан. Ова е невладина организација, но не е од оние класични невладини коишто се занимаваат со човекови права рече Павле.
Тој во 2019 година ја запроси својата девојка Александра додека беа на одмор во Хрватска, а сега откри дека се подготвуваат за свадба.
„Планираме поинтимна свадба, на Балканот свадба од 150 луѓе се смета за интимна. Едвај чекам да го поминам остатокот од животот со неа“ рече тој.
Павле вели дека со тоа што беше во политика многу го променило во животот, па иако бил свесен дека како политичар ќе се соочи со многу критики, сепак тој вели дека народот некогаш претерува и од критика тоа се претвара во јавен ли-нч.
Павле се потсети и на случка која рече дека ќе ја памети цел живот.
Во деновите додека траела Шарената револуција на 12 април во 2016 година и пред крај на април, чекале да земат плата, па парите му биле при крај и решил да оди до продавница и да земе леб и цигари на вересија, а таму го дочекало нешто што ќе го памети.
-Идам во продавничката во Визбегово, живеев тогаш, истото место каде што живеам и сега, идам во продавничката, и го замолувам продавачот да му се задолжам за леб и за кутија цигари. На рабуш. И му викам: Слушај, немам плата земено, еве, ќе ти вратам за два-три дена стига.
И тој ми вика: Хаха, што збориш? И ми пушта насловна страна на Република мислам, каде што јас, со моето лице ставен на насловната страна и пишува: Шарените револуционери ставени по 9.000 евра од протест. И во тој момент, тоа беше најпродаваниот неделник во Република Македонија-рече Павле.