Погледнете со каква убавица е во љубов братот на момчето на Анастасија Ражнатовиќ – се шушка дека и Војаж бил вљубен во неа!

Убавата Лана има 20 години и моментално е на студии на престижниот американски универзитет во Виена

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Братот на Немања Гудељ, фудбалерот Драгиша Гудељ од пред некое време ужива во врска со манекенката Лана Лазаревиќ.

Како што пишуваат медиумите, Лана минатата година била прогласена за Топ модел на Европа, а од неодамна е во врска со младиот шпански фудбалер со потекло од соседна Србија.

Таа на својот Инстаграм објави и прва заедничка фотографија на која е во страсна прегратка со Гудељ помладиот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

По потекло е од Нови Сад, но средно училиште започна во Соединетите Американски Држави, а го заврши во Виена.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

За своето феноменално тело благодарна му е на класичниот и џез балетот што го тренираше десет години, и има освоено повеќе од 50 награди.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Неодамна се шушкаше дека на нејзиниот шарм паднал и популарниот репер Војаж. Се шпекулираше дека тие двајцата биле и во краток емотивен однос, а овие информации досега ниту еден од нив ги нема потврдено, но исто така ниту еден од нив ги нема и демантирано.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Од друга страна, на социјалните мрежи големо внимание деновиве привлече и Немања Гудељ. И додека неговата сакана, Анастасија Ражнатовиќ со која е веќе неколку месеци во врска, настапува низ регионот, тој деновиве одмора на португалската плажа Лагос, од каде се пофали со својата одлична форма.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, тој позираше во костим за капење, а во центарот на вниманието беа неговите бројни тетоважи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Една од првите тетоважи што тој ги има направено, во Холандија, беше ликот на неговиот татко Небојша, од кого браќата го наследија талентот за фудбал.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Немања на телото ги има истетовирано и останатите членови од семејството – мајката Оливера, братот Драгиша и сестрата Вања, а куриозитет е и тоа што го има истетовирано и својот шофер, Мексиканецот Рашид Риверчаф, кој со тек на време му стана голем висински пријател.

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Вања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

Фото: Инстаграм/ Немања Гудељ

(Visited 2.268 times, 4 visits today)