Погледнете како Сека Алексиќ изгледала како невеста, но и во костим за капење со труднички стомак

На пејачката Сека Алексиќ и на нејзиниот сопруг Вељко Пиљковиќ им се оствари сонот да станат по втор пат родители.

Познатиот пар ќе добијат уште еден син кој ќе го крстат Исак

ADVERTISEMENT

Сека во бел костим за капење прв пат го покажа трудничкиот стомак. Всушност во прашање се два модели со кои пејачката ги изненади обожавателите. Во продолжение погледнете како бремената Сега изгледа во костими за капење.

Прославија 10 години љубов

Инаку, Сека и Вељко кои пред три години го добија синот Јаков, вчера прославија годишнина од бракот. За оваа специјална пригода пејачката во текот на денот сподели фотографија од нејзината свадба на која таа имаше долга црна коса и шишки, а напиша и интересна емотивна порака наменета за нејзиниот сопруг.

„Мажот и жената треба да бидат како рацете и очите! Кога раката боли – очите плачат. А кога очите плачат, рацете ги бришат солзите. Св. Јован Златоуст“, напиша пејачката под нивната заедничка фотографија.

„Денес ни е 9 години од бракот, а 10 години од љубовта. Во животот е тешко да сретнете сродна душа, но кога ќе ја најдеш ја имаш засекогаш! Многу му благодарам на Бог за сé, на тоа што те имам, на нашите момчиња и на љубовта што ми ја даваш“, додаде пејачката.

Facebook Comments
(Visited 535 times, 1 visits today)