Погледнете како на хармоникашот му лепат банкнота од 500 евра додека Анастасија на бизнисменот му ја пее „Кукавица“ (видео)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ е блиска со Драгослав Илиќ, бизнисменот кој се занимава со продажба на нафта во Венецуела.

Тој од Мадрид допатува во Белград за да го прослави својот роденден со пријателите, а на прославата во еден елитен ресторан на сите страни летаа евра. Па така и на видеото на кое Анастасија додека ја следи хармоникаш го пее хитот на својата мајка, „Кукавица“, се гледа како една од гостинките музичарите ги почести со банкнота од 500 евра, додека на хармониката има залепено бројни банкноти од по 50 евра.

ADVERTISEMENT

Инаку, споменатиот бизнисмен 2006 година организираше свадба во еден хотел во Буенос Аирес, а тогаш го забавуваа Цеца, Мира Шкориќ и Аца Лукас.

Само да потсетиме, Анастасија во март беше во Мадрид, каде исто така се дружеше со Илиќ, со кого тогаш запеа додека тој свиреше на гитара.

Facebook Comments
(Visited 939 times, 3 visits today)