Погледнете како Маја му го честиташе роденденот на Дарко Панчев – поранешната пејачка објави преубава семејна фотографија
Еден од најпопуларните фудбалери во Македонија на сите времиња славеше роденден.
Легендата Дарко Панчев и неговата сопруга Маја се во брак повеќе од 17 години и важат за еден од најхармоничните бракови меѓу познатите во Македонија.
И покрај тоа што се долги години во брак, нивната љубов не згаснува што е доказ и честитката за роденден која Маја му ја испрати на својот сопруг на социјалните мрежи.
Таа објави семејна фотографија заедно со Дарко и двете ќерки, а својот сакан го нарече со интересен прекар.
– Среќен роденден Дуде наш, да си ни жив и здрав“, напиша Маја за својот сопруг.
Иако Дарко наполни 56 години тој е во добра форма и изгледа доста помлад, а неговата сопруга пак едноставно зрачи. Неа годините ништо не и можат, па се чини дека од година во година е сè поубава.
Маја во 90-тите и почетокот на новиот милениум во Македонија важеше за една од најпознатите и најубавите пејачки. Но и покрај вокалните способности, таа во еден момент одлучи да се повлече од македонската сцена и да му се посвети на своето семејство.
Инаку имаат две деца, Марија и Надица, кои пораснаа во вистински убавици.
Помладата ќерка на фудбалската легенда Дарко Панчев, Марија е мултиталентирана и веќе некое време успешно се занимава и со манекенство, пишуваат нашите медиуми. Таа е вистинска убавица и веќе некое време се остварува во професијата како модел.
Таа е дел од модното студио „Моделс ин“, а од нејзините фотографии на социјалните мрежи можеме да претпоставиме дека пред неа е успешна иднина како модел.
Што се однесува до нејзината постара сестра, Надица, таа ги сака јазиците и студира Германски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје. Како што вели нивната мајка, тие и двете имаат афинитет кон уметностите, односно кон музиката и модерниот танц, а Надица беше во центарот на вниманието и на својата матурска прослава, кога со својот преубав матурски фустан ги воодушеви сите. Имено, принцезата на тато и мамо тогаш едноставно блескаше во малиот бел фустан зачинет со тантела, а комплиментите од пријателите не престануваа да се редат под фотографиите што Надица тогаш ги објави на социјалните мрежи.
Нивните две ќерки ги носат имињата на своите баби, Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.