Погледнете како изгледа цимерот на Петре Шилегов – НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ од најразгалениот член во неговото семејство

Градоначалникот на Скопје откри интересни детали за себе.

Таткото на градот откри како се запознал со неговата сопруга- сам пегла и готви, вели тој, па можеме да заклучиме дека таа е вистинска среќничка. Но тие во нивното семејство имаат и еден помалку познат член, со кого градоначалникот Петре е посебно приврзан…

Петре Шилегов кој е сè поактивен на социјалните мрежи во интервју за „Репортер“ вели дека пред сè е обичен човек кој не е роден како градоначалник, па со тоа има и обични навики, но открива дека уште од мал имал бунтовен карактер.

Ретко којзнае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич“ оти имал долга коса.

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот … сите. Па долгата коса ја скратив да биде панкерка. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот“, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

Вели дека рокенролот е приказна што му лежи, оти е дете на 80-тите.

Во интервјуто тој вели дека нема обезбедување и дека често пазари сам на пазарчето во Тафталиџе.

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми мѝ е останато. За готвење ме бидува само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам“, искрен е Шилегов.

Со оглед на ова неговата сопруга е вистинска среќничка.

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

Со сопругата Јасмина се во брак од 1996 година, а учеле во исто средно училиште.

„Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, ја бев бунтовникот со долга коса“, раскажува Шилегов.

Плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Симона и синот Иван.

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм
Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

Нејзината работа е поврзана со менаџирање на едукативните центри, а љубовта кон децата ја разбудила желбата кај неа да им пружи најдобра едукација.

Она што е интересно е дека тоа што Петре и неговата ќерка во ист ден слават роденден.

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

Цимерот на Петре

Инаку, Шилегов на социјалните мрежи редовно објавува фотографии и од нивниот домашен миленик.

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Во прашање е пудлицата Тоби која исто така е голем позер и очигледно сака да се фотографира.

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Инаку, пред неколку дена на Тоби му беше роденден, па градоначалникот на својо официјален профил на социјалните мрежи покажа како изгледаше славеникот.

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Петре Шилегов/ Инстаграм

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

 

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов

Фото: Инстаграм/ Петре Шилегов
(Visited 189 times, 3 visits today)