Погледнете како изгледаше некогаш македонската Мишел Фајвер – фотографија со Анета Додевска што ќе ви го разубави денот

Таа е една од нашите најдобри новинарки

Фото: Инстаграм/ Анета Додевска

Некогашната водителка и уредничка на емисијата Индекс на А1 телевизија, Анета Додевска, која сега е дел од екипата на 24 Вести, пријатно не изненади со фотографија што ја објави на социјалните мрежи.

Во прашање е фотографија на која има руса коса и е со шишки за кои мораме да признаеме дека и стојат одлично.

Во ова издание, верувам дека многумина ќе се сложат, изгледа исто така занесно, а фотографијата е од времето кога ја споредуваа со Мишел Фајфер.

Ова фаза ја имаше на почетокот од својата кариера, а денес нејзината коса е потемна и без шишки.

Фото: Инстаграм/ Анета Додевска

Анета својата медиумска кариера ја стартуваше со ангажман во радио, за да потоа продолжи како водителка на малите екрани. Денес таа е уредничка на информативната редакција на 24 Вести, и е автор на економската емисија „Тренд“. Во хороскоп е Овен, за кои велат дека се храбри и моќни индивидуи, кои никогаш не бегаат од проблеми и секогаш ви ја кажуваат вистината во лице, а кога е во прашање модата го сака опуштениот, спортски стил. Од нејзините омилени фармерки не се одвојува, а омилена боја и е црната, ќе изјави таа самата во едно нејзино интервју за Фокус магазин.

Фото: Инстаграм/ Анета Додевска

Обожава да вози брзи мотори, што можеме да видиме и од нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Анета со свјата ќерка Теодора

Таа е горда мама на својата ќерка Теодора, а од нивните заеднички фотографии можеме да забележиме дека изгледаат како другарки, а не како мајка и ќерка.

Како водителката изгледала некогаш, а како сега, погледнете во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Принтскрин/ 24 Вести
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Инстаграм/ Анета Додевска
Фото: Фејсбук/ Анета Додевска
Фото: Фејсбук/ Анета Додевска
Фото: Фејсбук/ Анета Додевска
Facebook Comments
(Visited 1.783 times, 1 visits today)