Погледнете како изгледаат свекрвата и золвата на Јелена Карлеуша – НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ сподели среќни вести (фото)

Беше весело во семејството Тошиќ

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, но кога ќе го направи тоа секогаш привлекува големо внимание.

Фудбалерот овој пат ги израдува своите следбеници со фотографија на која е заедно со својата мајка Николета.

Мајката на Душко Тошиќ живее мирен и повлечен живот и покрај големите успеси на нејзиниот син.

Николета живее скромно во селото каде што е роден Душко, и со своите внуци и снаата е во одличен однос.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Но свекрвата на Јелена Карлеуша и покрај тоа што живее скромно и повлечено, таа е сакана жена, а вниманието што го добива од својот син Душко и ќерката Катарина, како и од внуците, и даваат елан за живот.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Колку ја сака својата мајка Душко покажал многу пати, а сега со посебна фотографија на Инстаграм ги изненади сите.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Тој на својата мајка за роденден и подари ружи, а с емотивна фотографија и напиша и роденденска честитка.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

„Среќен роденден“, напиша кратко Душко, откривајќи ги своите емоции што ги има кон оваа жена.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Потсетуваме, Тошиќ остана посебно поврзан со својата мајка откако неговиот татко Милорад пред три години го изгуби животот.

Таа од тогаш живее сама, а како што пишуваат медиумите, фудбалерот пред повеќе години ја средил куќата на родителите, а во близина на старата куќа изградил и нова во која престојува кога е во своето родно село заедно со сопругата Јелена Карлеуша и нивните две ќерки.

 

Инаку, Карлеуша е во одличен однос со својата свекрва, но и со золвата Катарина, за што сведочат нивните заеднички фотографии.

 

 

 

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

За Катарина јавноста многу малку знае, иако таа неретко е присутна во домот на фудбалерот и популарната пејачка.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Нивните семејства неретко и заедно одат на море, каде уживаат во луксузните патувања, но и во добрата, заедничка забава.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Катарина има две деца и сопруг на кои им е максимално посветена. Познато е и тоа дека нејзината бајковита венчавка и ја организираше токму Карлеуша, која внимаваше на секој детаљ овој ден да и го направи посебен.

Фото: Инстаграм

Атина и Ника уживаат кога се со својата тетка, а многумина забележуваат и дека Ника многу личи на неа.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм
(Visited 3.371 times, 1 visits today)