Погледнете како игледала Лејла Рамковска во младоста – годините не се важни, важно е да се промените
Популарната македонска јога инструкторка сподели фотографии од својата младост и испрати важна порака до сите.

Никогаш не е доцна за промена, а доказ за тоа се најновите фотографии кои Лејла Рамковска ги сподели на Инстаграм.
Лејла е вистински пример за сите нас дека без оглед на годините и ситуацијата, човек со труд и упорност може да потигне многу.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Таа доживеала огромна трансформација и физичка и психичка, а во сето тоа ѝ помогнала јогата.
Токму јогата ѝ помогнала да се издигне како Феникс во тешките моменти, а денес таа го пренесува своето знаење на своите ученици.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
-Првиот збор што ми паѓа на памет, што за мене претставува јогата е мирот.
Второ е љубов и сочуство кон самите себе.
Бенефитот е генерално подобрување на психо-физичката состојба во секое поле, изјави Лејла во интервју за Гламур.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Од бракот со бизнисменот Сефер Цаноски, Лејла ги има син и ќерка.
Денес таа е една од најпознатите инструктори по Аштанга јога во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
На нејзиниот изглед може да позавидат и помладите девојки.
Лејла на Инстаграм сподели фотографии од својата младост, кога имала едвај 45 килограми на ебеси, уморно лице и тажен поглед.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Јогата ја довела до голема трансформација и токму својот пример го искористи за да испрати важна порака до своите следбеници, дека не е важно колку години имате, важно е да сте упорни и да дадете ѐ од себе за да се промените.