Погледнете како Бали-бег и Неџла го средиле својот семеен дом – ПОПУЛАРНИОТ турски пар не ужива во раскош и гламур

Семејниот дом на познатиот турски пар претставува вистинска мала оаза како за нив така и за нивниот син Каран.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Откако во 2017 застанаа на „лудиот камен“ Бурак Озџивит и Фахрие Евџен својот приватен живот, како и семејниот дом го кријат од љубопитните погледи.

Популарниот турски пар само одвреме-навреме ќе сподели по некоја семејна фотографија со своите бројни фанови на социјалните мрежи, додека поголемиот дел од својата приватност ја чуваат далеку од очите на јавноста. Токму затоа нивниот дом не ги краси страните на тамошните магазини, а се што знаеме за нивната прекрасна мала оаза знаеме од фотографиите што тие сами ги споделиле на своите профили, а кои се направени во нивниот дом.

Бурак и Евџен заедно со нивниот двогодишен син Каран живеат во семејната вила во која покрај огромниот двор со базен ништо друго не потсетува на раскош и сјајот каков што сме навикнати да го гледаме кај станатите познати ѕвезди. Тие живеат во дом уреден без никакви претерувања и со вкус, бе премногу помпезност и гламур, но исполнет со топлина и максимално позитивна семејна атмосфера.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Во просторот превладува белата боја додека деталите се во беж и сиви нијанси, а она што може да се забележи на прв поглед се големите, минималистички уредени простории како и големите џамови кои обезбедуваат доволно светлост.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Првиот впечаток е дека познатиот пар и покрај тоа што е толку популарен, живее како и сиот останатиот нормален свет, што посебно ги воодушевува нивните бројни обожаватели. Тоа впрочем може да се забележи и од социјалните мрежи, каде постојано добиваат позитивни коментари.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Па, погледнете дел од нивното секојдневие…

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
(Visited 673 times, 1 visits today)