Наши ѕвезди

Погледнете како Адријана Алачки ужива со својата внукичка: „Ах на баба најмилото, најсветлото, душата и животот на баба“

Advertisement

Ако пред неколку години беше една од најпопуларните фолк пејачки, денеска Андријана Алачки е позната и по своето кулинарско шоу.


Со години наназад познатата македонска и сè уште популарна пејачка Андријана Алачки го работи тв проектот „Вкусот на традицијата“ од каде споделува одлични рецепти и стана вистински професионалец во тоа што го работи.

Advertisement

Таа има две деца, а од пред неколку години стана и баба. Имено Андријана доби внука од нејзината ќерка Грациела. Гордата Алачки како и секоја баба се радува на секоја посета од нејзината внука па се потсети на еден таков момент.

Имено на Фејсбук сподели фотографија заедно со Јана на која Андријана држи црвено велигденнско јајце, а Jана насмеана позира во прегратката на баба.

ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук

„Кај баба на црвено јајце … ах на баба најсветлото, намилото … душата на баба … живот на баба“ напиша Андријана.

Advertisement

Кога станува збор за внуката Андријана не се штеди на зборови за да ја искаже својата љубов кон неа.

„Таа знае како да ми го направи денот убав“-напиша Алачки под фотографијата од Зоолошка, со нејзината внука пред две години.

Во интервју за „Женски магазин зборуваше за тоа дека е најсреќна кога Јана доаѓа на гости.

„Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави таа во интервју за Женски магазин.

Андријана често споделува моменти од снимањето на емисијата на социјалните мрежи, а деновиве се потсети на нејзиното патување во Обединетите Арапски Емирати.

Беше гостинка кај шеикот на кој му подготви традиционални македонски јадења, а на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која ја китат со преубава огрлица.

„Еден од најфасцинантните денови во ОАЕ беше посетата на Шарџа Институтот за културно наследство. Благодарение на Н.Е. Д-р Абдулазиз Алмусалам ми даде можност да научам за културното наследство на Шарџа и ОАЕ. . По тој ден.можам да кажам каде бев .!!! Незаборавно!“напиша Алачки при посетата.

ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук
ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук
ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук

Андријана освен што е успешна во снимањето на своето кулинарско шоу, таа успеа да напише и книгата „Македонски традиционален готвач“ каде може да се најдат рецепти од сите традиционални рецепти со оригинален вкус.

Сепак пред некоу дена таа го привлече вниманието на своите фанови со една објава на Фејсбук.

Имено Алачки најави кривична пријава, велејќи дека непознат сторител ги преземал нејзините фотографии од Фејсбук и ги спојувал со туѓи рецепти и истите ги објавувале во нејзино има.

„Проблемот е пријавен на ФБ, Инстаграм и Твитер. Верувам дека сторителите ќе бидат откриени и против истите ќе биде поднесена кривична пријава.“ напиша Алачки.

ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук

Таа беше 25 години во брак со хармоникашот Горан Алачки и покрај тоа што се разведени останаа многу добри пријатели, велат нивните блиски.

Адријана е мајка на две деца-ќерката Грациела од која ја има внуката Јана и синот Благоја кој минатата година ја побара својата девојка за сопруга.

Од нејзините семејни фотографии можеме да видиме колку нејзината ќерка личи на неа, но и на нејзината мајка.

Од нејзините семејни фотографии можеме да видиме колку нејзината ќерка личи на неа, но и на нејзината мајка.

ФОТО: Андријана Алачки/Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button