Погледнете каква убавица е ќерката на Росана и внука на Маријана – близначките кои со песна ја освоија цела Македонија

Погледнете како изгледаат денес сестрите Маријана и Росана чии песни ден-денес се слушаат…

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Маријана и Росана веќе долги години не се експонираат во медиумите, иако јавноста се уште се интересира за нив.

Маријана Новачевска откако се раздели од сопругот, композиторот Тоде Новачевски, замина да живее во Австралија, додека нејзината сестра Росана Сариќ-Тодоровска, со која некогаш ги пееја хитовите „Признавам“ и „Едно срце имам душо“, остана во Македонија.

Росана во една пригода, во интервју за Гламур Магазин, ќе каже дека во изминатиов период, кога не настапувала, најмногу и фалела публиката и нејзиниот аплауз.

„Музиката не може да ми фали – таа е во мене, така што каде сум јас таму има и музика“, изјави тогаш Росана.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МРТ

„Можеби престанав со јавни настапи и правење нова музика, но никогаш не престанав да пеам“.

Росана најголемите евергрини со Маријана ги испеа на фестивалот Макфест, кој ден-денес буди најубави спомени во неа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа за периодот што следуваше потоа ќе рече:

„Едноставно во еден момент многу работи се сменија и тоа по надолна линија (според моето мислење). Не сакав да бидам дел од нешто коешто немаше врска со уметност. Не сакав да пеам со „autotune”. Не сакав да правам песни со празни текстови кои ќе се заборават за кратко време. Не мислев дека надворешниот изглед е поважен од гласот. Истовремено се укинаа и сите радио и ТВ емисии преку кои ние ги промовиравме нашите песни и останувавме блиски до нашата публика. Едноставно немав мотивација ни елан да правам уметност во „шунд” околина. Секако, чест на исклучоците и на сите оние кои останаа доследни на својот стил, на сопствениот начин на правење на музика и останаа доследни до вистинските звуци на македонската песна“ ни изјави тогаш Росана. Таа истата година се врати на сцената на Макфест, кога со песната „Спомени“ се закити со наградата за најдобра интерпретација.

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Најубавиот момент во животот

Росана се уште важи за еден од нашите најдобри вокали и публиката ги обожава нејзините песни, а како еден од најомилените моменти кои никогаш нема да ги заборави е качувањето на сцената на нејзината ќерка Ивана, во текот на нејзиниот прв солистички концерт.

„Ми подари цвеќе и потоа не сакаше да се симне од сцената за да продолжам со концертот“ се присети Росана во своето интервју за Гламур магазин.

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Инаку, нејзината ќерка пред две години го роди малиот Ноа, а како таа изгледа погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Некогаш и сега

Маријана и Росана во текот на својата кариера имаат освоено голем број награди, а денес изгледаат потполно различно.

Близначките својот прв настап во дует го имаат на 17 годишна возраст. Кариерата ја започнуваат со поп мелодии, а откако Маријана се иселува во Австралија, Росана продолжува со својата соло кариера. Таа го менува и стилот, така што денес е една од ѕвездите на фолк естрадата, за разлика од Маријана, која во Австралија работи како стоматолог.

Маријана и Росана како мали

Таа има две деца – ќерката Магдалена и синот Филип.

Покрај својата соло кариера, Росана дел и од групата „Четири грации“, заедно со Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир.

Мажена е за македонскиот глумец Ѓорѓи Тодоровски – Трупче и како што вели денес ја исполнуваат моментите кои ги поминува со најблиските и пријателите.

Росана со ќерката Ивана

Најмногу ги сака деновите што ги поминува со нејзиниот внук Ноах, како и пиењето на утринското кафе со Трупче.

Што се однесува до тоа како сестрите изгледаат денес, од фотографиите можеме да видиме дека Маријана има црвенкаста коса, додека Росана, нејзината сестра близначка, веќе некое време „фура“ кратка фризура.

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Но тие на почетокот од својата кариера и додека настапуваа заедно изгледаа многу поразлично.

Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана

Погледнете некои нивни фотографии…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МРТ
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МРТ
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Фејсбук/ Маријана и Росана
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МРТ
(Visited 4.700 times, 1 visits today)