Наши ѕвезди

Погледнете каква УБАВИЦА е сопругата на Дарко Димитров – штета што ретко се појавува во јавност

Advertisement

Кога некој од пејачите сака да направи голем безвременски хит оди токму кај него.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Македонскиот текстописец и продуцент Дарко Димитров е еден од најдобрите на музичката сцена во цела поранешна Југославија. Букално сите пејачи сакаат да соработуваат со него. Нема песна што тој ја направил, а не е хит. Сите балкански ѕвезди се обраќаат кај него кога сакаат да направат некој нов хит.

Advertisement
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Има добиено многу награди за меѓународна соработка со многу популарни странски артисти и има над 30 домашни награди. Безброј пати негова песна бил испратена на Евровизија и секогаш добивала позитивни кометари. Тој е авторот на песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска настапуваше во 2006 година. Со оваа песна Елена доби 56 бода, притоа пласирајќи се не 12-тото место, како најголем успех на Македонија на Евровизија. Со песната „Proud“ која ја изведе Тамара Тодевска постигнаа голем успех, односно прво место од жирото. Оваа година тој е автор на песната „Локо локо“ со која ќе настапи српската група Хурикејн.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

„Многу песни сум направил. Некој кога ќе ме праша која ми е омилена не можам да кажам. Тоа го правам бидејќи не се врзувам емотивно за своите дела. Станувам, бришам се од глава, ниедна песна не ми е најдрага и така правам нов хит, како никогаш претходно да не сум направил.

Сакам кога работам да се чувствувам задоволен, бидејќи за мене музиката е игра. Сакам во играта да направам рекорд. Натпревар сам со себе. Затоа не можам да одвојам најдрага. За некоја дури и сам се зачудувам дека јас сум ја направил. Некогаш и ги заборавам“, кажа тој во интервју за „Репортер“.

Advertisement
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Во себе носи музички гени, тој е син на познатиот пејач и композитор Славе Димитров.

Неговата фамилија има богата музичка историја, како на пример, неговиот дедо, Благоја Петров – Караѓуле, кој бил познат по своето оперско пеење а исто и по пеењето на традиционалната музика. Дарко Димитров има дипломирaно на Музичката академија во Скопје и работи во своето фамилијарно музичко студио наречено „Студио Димитрови“ заедно со неговиот татко и неговиот брат Оливер.

Еден од неговите први хитови е „Отвори го пенџерчето“, рап пародија на популарната фолк песна изведувана од групата Нулта Позитив во соработка со популарниот фолк пејач Митре Митревски.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

„Не можеш да ги избегнеш гените. Јас не сум мислел дека ќе се занимавам со музика, сакав да бидам режисер. Тоа ме интересираше. Почнав од дете, од 8-мо одделение направив компјутерска фирма. Одиме низ Југолавија на ексурзија, а јас продавав програми. Во душата сум компјутерџија. Фирмата ми траеше неколку години, после му ја дадов на мојот другар, после тој продолжи. Потоа ме заинтригира режија, музика и тука се споија гените.

Завршив средно школо и првата песна ми е песната што ја направив за завршување на школските денови. Наставничките ме натераа да пеам како син на Славе Димитров, за возврат на корекција на оценките. Ја отпеав „Чија си“ и се смени нешто во мене и почна да ме интересира музиката. И така настана и групата „Нулта позитив“, раскажа Дарко.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Кај него во студиото доаѓаат многу големи ѕвезди, но тој вели дека не ги дели на поголеми и помали ѕвезди. На нив гледа како на таленти, од кои може многу да научи и да земе од нивниот дел од колачот.

Откри дека српската пејачка Емина Јаховиќ е една од пејачите со која најмногу соработува, но и најчесто влегува во конфликт. Дури понекогаш таа знае од студио да замине со плачење.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

„Доаѓаме до судир на енергии и доаѓа до уште подобар резултат. Емина ми е навистина драга, одлични работи имаме направено со неа. Таа е квалитетен текстописец“, кажа Дарко.

Освен што е извонреден во својата професија, тој подеднакво исто посветува внимание и на своето семејство. Вели дека постигнал успех благодарение токму на поддршката која ја добива од својата сопруга Маја и двете ќерки.
Тој и Маја се заедно од почетоците на на неговата кариера.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

„Се запознавме во училиште. Односно се запознавме во град и така дознав дека таа учи во истото училиште со мене.Наеднаш се случи љубовта. Првиот состанок ни беше на прославата за осамостојувањето на Македонија кај што татко ми ја пееше „Чија си“, откри продуцентот.

Истакна дека е многу среќен што нашол жена која има толкаво разбирање за неговата работа.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

„Семејството е многу важно да те разбира. Ако почнувам постојано да давам отчет оптоварува психолошки. Мене кариерата ми е долга и успешна бидејќи имам поддршка од сопругата која не ми прави терет. Тоа е среќа што сум нашол таков партнер, можеме да си функционираме како индивидуи, со еден среќен фамилијарен живот.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Таа не сака да оди на настани. Сме имале многу слични погледи. Многу е важо од партнерот да не се презаситиш. Бидејќи 30 години не е мал период. Имало несогласувања, траеле период, па пак ќе се споиш. Животот е еден компромис“, вели Димитров и додава:

„Не ја оптоварувам со мојата работа. Пробувам да го одвојам тој дел. Не сакам да ги оптоварувам. Тоа е мој дел кај што сум јас Дарко Димиторв. Јас работам за јавноста, но не сакам да слушам мнгу мислење. Мене ми е битно изведувачот како реагира“, вели тој.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Димитров е горд татко на две ќерки за кои вели дека наследиле чудни гени од него и сопругата. На прашањето како реагираат на големите ѕвезди кои доаѓаат во неговото студио тој одговори:

„Ќерките се како мене. Не ги интересираат музичарите. Има се сликаат со неој, но не им е некој императив. Имаат некој чуден карактер наследено, може покасно ќе покажат. Господ ќе го каже нивниот пат. Јас не сакам да ги наведувам, мене никој не ме наведувал. Пробуваме да сме отворени родители, да разговараме отворено за сите работи“, вели Дарко.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

За него најтешка работа на светот претставува тоа да се биде родител и тоа го сфатил откако станал татко. Таа работа бара 24 часа внимание, а болката на детето родителот двојно ја преживува.

„Родител е најтешка обврска. Се е полесно од тоа да си родител. Кога си родител сфаќаш зошто е најтешката професија. Тешко ти е кога преживува детето лоши моменти. Нивниот живот ти е како да имаш два живота. Сопругата е поемотивна, ние мажите ги криеме емоциите, но исто сме емотивни“, заклучи тој.

ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм
ФОТО: Дарко Димитров / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button