Погледнете КАКВА УБАВИЦА Е СОПРУГАТА на Миле Паника – никогаш не ја гледаме во јавност

Со неговиот хумор пораснаа многу генерации, а до ден денес сите со нетрпение чекаме да го слушаме и гледаме.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

Популарното македонско хумористично телевизиско шоу К-15, започна да се емотува во средината на 90-те години .

К-15 е основано и оригинално го сочинуваат актерите Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавува и други актери.Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.

Тројцата ликови решиле да создадат единствена работна можност за себе – неделно хумористично шоу кое не само што ќе им обезбеди месечна плата туку и ќе ги забавува сите оние кои живеат, знаат, или имале искуство со социјалната и културната ситуација во Македонија. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994.

Во шоуто се исмеваа и обработуваа социјалната, политичка и економска ситуација, особено нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

Актерот Бранко Огњановски стана препознатлив по ликот на Миле Паника, кој имаше карактеристичен изговор, говорна маана, кој често се служеше со српски фрази за дополнителен ефект на неговиот хумор.

И покрај тоа што К-15 повеќе не се емитува, луѓето сѐ уште на улица го препознаваат по ликот на Миле Паника.
Во своите шоуа често носи перики за подобро да го долови ликот, па дечињата кога ќе го видат на улица понекогаш се разочаруваат затоа што ги нема деталите кои го прават смешен, туку е нормален сериозен чичко.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

Бранко во едно свое интервју откри и зошто како екипа се распаднале и шоуто повеќе не се снима.

„К-15 дефинитивно беше многу повеќе од проект, беше фамилија, беше пријателство и беше спој на тројца другари кои размислуваа на иста бранова должина и имаа среќа со својот хумор да направат нешто поголемо од самите себе си. Но, повеќе фактори беа во игра кога се решивме да ја прекинеме. Конкретна причина нема, едноставно се создадоа идеални услови за да не работиме понатаму. Едноставно дојдовме до ситуација кога производот што го правевме чинеше повеќе од тоа што можеше да заработи. А во тој момент одлучивме дека е време секој да тргне по својот пат“, кажа Бранко за Точка.мк

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

Актерот веќе долго време работи на друг проект, кој публиката веднаш го прифати. Во моментов е едно од најпопуларните хумористично шоуа во земјава, иако го нема многу.

„Фчерашни новости“ е емисија што на интересен и забавен начин, преку хумор, сатира и исмејување ги критикува носителите на власта во државата, но и секојдневните општествени збиднувања.

Бранко е главен и одговорен уредник на емисијата и вели дека шоуто не штеди никој и се исмеваат сите, без оглед на политичката партија.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

И покрај многуте ангажмани, Огњановски е доста активен на социјалните мрежи, каде со секоја своја објава успева да ги насмее сите.

На својот Инстаграм споделува и фотографии од приватниот живот, патувањата и дружбите.
Една која насмеа многумина е фотографијата од неговата младоста.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

На Македонија и останатите земји кои ја сочинуваа поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија се присетија на еден од најголемите државни празници – Денот на Републиката.

По тој повод Бранко на Инстаграм објави ретро-фотографија од себе, од осумдесеттите.

– 1982 година, сликата од ЈУ пасош, напиша тој во описот на фотографијата.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

На истата се надоврза и на Твитер каде сподели и фотографија од пасошот и напиша „Сум патувал со пасошов од 1982 до фајронот“.

Освен хумористично објави, тој умее да биде и романтичен и да сподели фотографии од неговата сопруга која е вистинска убавица и во опис да напише некоја емотивна порака.
На една фотографија на која позираат заедно во елегантно издание, актерот за сопругата напиша:„Мојата инспирација“.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм

Често со фановите споделуваат и фотки од нивните патувања и одмори.
Најмногу внимание привлекоа сликите од одморот во Капри, по чие објавување пишуваа сите медиуми.

На нив можевме да видиме колку уживаат тој и неговата сопруга.
„Фил соу гуд и сл.“ напиша Миле под една од фотографиите.

ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
ФОТО: Бранко Огњановски/Инстаграм
(Visited 2.376 times, 1 visits today)