Погледнете каква убавица е сопругата на нашиот познат пејач Спасен Силјаноски – и кога имаше корона не го остави ни секунда

Му роди две деца и е негов ангел чувар

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Познатиот пејач Спасен Силјаноски ужива во времето што го минува со својата сакана.

Сопругата на нашиот познат фолк пејач Спасен Сиљаноски, Ана Сиљаноска, е вистинска убавица.

Тие пред седум години за заколнаа пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.

Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Но тој не крие дека таа понекогаш знае да биде и љубоморна, но во нормални граници, а во интервју за „Вечер.пресс“ отворено зборуваше и а тоа дека семејството за него го претставува клучниот фактор за успех.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Спасен пред ситуацијата со короната многу често настапуваше и во странство, а покрај тоа што е извонреден пејач тој е позна и како композитор.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Ане е неговиот ангел чувар

Што се однесува до ситуацијата со опакиот вирус корона, апстиненцијата од музиката Спасен навистина тешко ја поднесува, а во текот на летните месеци беше и заразен од вирусот кога и му беше најтешко. Но можеби тогаш не му беше толку тешко од болеста, колку од стравот истата да не ја пренесе на неговото семејство, но за среќа, пејачот болеста ја помина без некои потешкотии.

Од срце ви благодарам на сите вас кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам беспрекорно многу здравје. Ќе ми извините сите но најголемото благодарам ќе го дадам на мојата сопруга затоа што иако знаејќи дека може да се зарази од мене сепак не ме остави сам ниту една секунда“ напиша тогаш Спасен на социјалните мрежи, а потоа додаде и како се чувствувал заради неговите деца.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка сепак имаше една друга болка многу потешка од ковид-19,а тоа беше моментот кога не смеев да си ги гушнам дечињата. Во една прилика ми рекоа: ‘Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? ти повеќе не нé сакаш” .Си отидоа од мојата соба плачејќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли неможејќи да им објаснам зошто е тоа такa. Сепак има Господ и на крај нештата си дојдоа на свое место“ напиша Спасен тогаш.

Тој по некое време, на социјалните мрежи, ќе напише:

„Иако носиме маски сепак за време на коронава многумина си го покажаа вистинското лице“.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Музиката за Спасен значи живот

Тој во една пригода се осврна и на тешкиот период низ кој поминуваат музичарите заради целата ситуација.

Еве што напиша тој:

„Конечно микрофон после 8 месеци, конечно да се почувствувам жив, конечно дишам…Ова општество ни наби комплекс на ниска вредност, не направи да се чувствуваме бескорисни, непродуктивни покрај талентот кој неспорно го поседуваме… Музиката е живот“ напиша тој на Фејсбук

Спасен и покрај ситуацијата, работеше напорно и во изминатите неколку месеци, па така на почетокот од септември ги израдува своите фанови и со видео за песната „Ах да се врати времето“ која веднаш стана хит.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Инаку покрај музиката, за Спасе и спортот преставува голема страст, како и возењето мотори, што можеме да видиме и од фотографиите што следуваат.

Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
(Visited 13.839 times, 1 visits today)