Погледнете каква убавица е внуката на легендарниот Зафир Хаџиманов – талентираната Марта ја викаат „чудо од девојка“ (фото)

Младата актерка, убавата Марта Хаџиманов, е внука на Зафир Хаџиманов и ќерка на музичарот Васил Хаџиманов.

Фото: Принтскрин

Шармантната Марта Хаџиманов е ќерка на Васил и Наташа Хаџиманов, а нејзиниот татко во многу интервјуа има истакнато дека неговата наследничка е неверојатно талентирана и „чудо од девојка“.

Марта денес има 20 години и потекнува од семејство во кое речиси сите се големи музичари. Покрај нејзиниот татко Васил, на неа оставиле трага и Зафир Хаџиманов, Сенка и Бисера Велетанлиќ, Бранкица Васиќ Василис, па не е чудно што уште како тинејџерка ја интересира сериозен стил.

Таа генетски е предодредена за музика, а за неа Бисера Валетанлиќ во една пригода ќе каже дека го има собрано талентот од целото семејство.

Фото: Принтскрин

Таа на 17 години се појави во улога на Кристин во мјузиклот „Фантомот од операта“ во белградскиот Театар на Теразије кога ги воодушеви сите како со својот глас, така и со своите движења, глумата, танцувањето.

Фото: Инстаграм/ Наташа Хаџиманов

Марта со оваа главна улога беше најмладата актерка што глумела во овој престижен театар, а беше ангажирана по аудиција на која сама се пријавила заедно со уште 64 други девојки.

Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов

Следната година Марта ќе ја испее нумерата „Lost“ на студискиот албум „Lines in sand” на нејзиниот татко.

Тој тогаш за неа ќе каже дека пораснала во фантастична девојка која со 18 години има кариера.

„Спонтано на албумот се случи композиција за која требаше вокал, а таа сјајно го испеа“, изјави Васил тогаш.

Што се однесува до нејзиниот дедо, Зафир Хаџиманов, тој по таткова линија потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година.

Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов

Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“.

Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
Фото: Инстаграм/ Марта Хаџиманов
(Visited 2.451 times, 1 visits today)