Погледнете го луксузот во кој ужива синот на една од најпознатите пејачки во Македонија

Мајките на Инстаграм воодушевени-погледнете како познатата скопјанка ја уреди собата на својот син
.
Убавата и згодна Аделина Тахири е позната по брендираната гардероба и луксузот во кој живее, но сега покажа како изгледа собата на нејзиниот син, а сподели и неколку други фотографии и покажа како и е уреден домот.
Имено таа одговараше прашања кои нејзините обожаватели и ги поставуваа а со секое од одговорите следуваше и фотографија.
Аделина ја покажа детската соба на својот син Јон која е во бела боја со златни детали и многу мечиња, детска соба од бајките.

Освен детската соба Аделина покажа како изгледа нејзината кујна, но и гардероберот кој е преполн со брендирана облека, скапи парфеми и еден куп фармерки.

Таа очигледно не штеди пари кога е нејзиниот стил во прашање, што можеме да го видиме и од приложените фотографии.
Целиот дом е уреден претежно во бела боја со луксузни детали во златна боја.

Судејќи според нејзините фотографии, Аделина обожава скапи автомобили, патувања, но и луксузни парчиња облека.

Како изгледа само еден дел од нејзиниот гардеробер, кој ако судиме според вредноста само на чантите и чевлите, од кои некои достигнуваат цена и по неколку илјади евра, можеме слободно да кажеме дека овие рафтови вредат колку и еден луксузен стан во центарот на Скопје.

Аделина Тахири која во 2017 година се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година во август таа го доби својот син, прво па машко.
Радосната вест таа ја сподели на социјалните мрежи, каде нејзините пријатели и честитаат за приновата.

Аделина важи за една од најпознатите албански пејачки како во Македонија, така и во соседните земји каде што живеат Албанци, а мошне е активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии.

Таа неодамна славеше роденден, но поради пандемијата не можеше да направи голема и гламурозна забава, па затоа во пижами од „Викторија сикрет“ со стотина болни, торти колачи и мечиња таа се пофали на Инстаграм и уживаше во овој ден.

Покрај декорираната соба преполна со балони и плишни мечиња секако имаше и подарок и тоа ни помалку ни повеќе туку златен часовник од најпознатиот светски бренд.


Ова е прв брак за Тахири, а втор за Марков. Тој има две деца од првиот брак.


Извор: Вистина.мк и Гламур