Новости

Погледнете во небото ВЕЧЕРВА: Тоа што ќе го видите се случува еднаш на 50.000 години

Advertisement

Неверојатно ретка зелена комета вечерва ќе помине покрај Земјата за првпат после ерата на неандерталците пред 50.000 години.

ФОТО: Принткрин

Кометата C/2022 E3 ќе прелета покрај нашата планета на растојание од околу 26,4 милиони милји (42,5 милиони километри).

Оние кои ги набљудуваат ѕвездите ќе можат да ја препознаат разликата помеѓу кометата и околните ѕвезди бидејќи ќе има трага од прашина што ќе ја следи.

Advertisement

Еве сè што треба да знаете за кометата – вклучувајќи како и кога да ја видите.

ФОТО: Принткрин

Наречени од астрономите „валкани снежни топки“, кометите се топки од мраз, прашина и карпи.

Околу кометата има тенка и гасовита атмосфера исполнета со повеќе мраз и прашина наречена кома.

Advertisement

Како што се приближуваат до сонцето, кометите се топат, ослободувајќи млаз гас и прашина издувана од нивната површина од сончевото зрачење и плазмата и формираат опашка од облаци свртена нанадвор.

ФОТО: Принткрин

Кометите се движат кон внатрешниот Сончев систем кога различни гравитациони сили ги отстрануваат од Ортовиот облак, станувајќи се повидливи додека се приближуваат до топлината што ја дава Сонцето.

Помалку од десетина комети се откриваат секоја година од опсерватории ширум светот.

ФОТО: Принткрин

За разлика од некои комети кои се почести посетители на Земјата, како што е Халеевата комета, оваа комета последен пат ја поминала нашата планета пред илјадници години.

Зелената комета беше откриена во март од страна на астрономите со помош на телескопот на минливиот објект Цвики во опсерваторијата Паломар во Калтек во Сан Диего.

Оттогаш, новата долготрајна комета значително се осветли, зафаќајќи го северното соѕвездие Корона Бореалис на небото пред зори.

ФОТО: Принткрин

Во декември, научниците успеаја да ја добијат првата детална фотографија од новата комета, откривајќи ја нејзината посветла зеленикава кома и жолтеникава опашка од прашина.

Нејзината зеленикава, смарагд нијанса го рефлектира хемискиот состав на кометата – тоа е резултат на судир помеѓу сончевата светлина и молекулите базирани на јаглерод во комата на кометата.

НАСА планира да ја набљудува кометата со својот вселенски телескоп Џејмс Веб (JWST), кој би можел да даде индиции за формирањето на Сончевиот систем.

Нејзината зелена боја не е единствена карактеристика – и други комети во минатото имале слична карактеристика.

Во 2009 година, кометата Лулин исто така беше зелена бидејќи нејзиното јадро содржи цијаноген, отровен гас кој се наоѓа во многу комети и диатомски јаглерод.

ФОТО: Принткрин

Кометата ќе биде видлива вечерва и најдобра можнот да ја видите е доколку пронајдете некое темно место, подалеку од аеро загадувњето.

Во понеделникот, кометата се појави меѓу Големата Мечка и Поларис, Северната ѕвезда.

Џејк Фостер, астроном на Кралската опсерваторија за Гардијан изјави: „Кометата е на север од нашето небо, моментално блиску до Поларис, полската ѕвезда директно на север.

„Кометата најдобро ќе се види по полноќ, кога ќе ја достигне највисоката точка на небото. Доколку имате двоглед или мал телескоп, ќе имате можност да ја видите“.

Најдобро време за гледање на кометата ќе биде во раните утрински часови во четврток по заоѓањето на Месечината.

ФОТО: Принткрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button