Пијалок од лимон, мед и ѓумбир: За силен имунитет како карпа, вирусите ништо нема да ви можат! (РЕЦЕПТ)

Рецепт за пијалок за да ви помогнеме да се справите со настинки и вируси.

 

Состојки за три порции: парче свеж ѓумбир (приближно 3 см),600 ml вода,половина лимон,1 лажица мед. Подготовка:Ситно рендајте го ѓумбирот, ставете вода и додадете го лимонот и медот. Добро промешајте, а потоа напите се.

ADVERTISEMENT

Лимонот е вид на мали зимзелени дрвја, со потекло од Азија. Елипсовидниот, жолт плод на лимоновото дрво се користи за кулинарски и некулинарски цели ширум светот, првенствено поради неговиот сок. Пулпата и кората се користат за готвење и печење.

Сокот од лимон содржи околу 5-6% лимонска киселина, со pH околу 2.2, давајќи му кисел вкус на сокот. Киселиот вкус на сокот го прави клучна состојка во разни видови на пијалоци и храна, како што се лимонада и колач од лимон.

Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Facebook Comments
(Visited 296 times, 1 visits today)
Loading...