Пипа Мидлтон во фустан што го обожаваат и нашите дами

Пипа Мидлтон како и нејзината постара сестра ,Кејт Мидлтон, може да се пофали со феноменален моден стил, но и убава линија која што ја врати откако се породи.

Пипа го обожава тенисот па не пропушти да ги гледа најинтересните натпревари на Вимблдон каде друштво и правеше нејзиниот сопруг, познатиот британски богаташ Џејмс Метјуз.

ADVERTISEMENT

Пипа и Џејмс кои минатата година во октомври станаа родители на момчето Артур ги пленеа погледите во своите ускладени комбинации на натпреварот.

Бринетата која е секогаш топ средена ги воодушеви сите со својот жолт „wrap“ фустан по кој лудуваат многу заљубенички во модата. Таа го носеше со бели сандали и мини чанта, очила за сонце и младешка фризура со која 35-годишната Пипа совршено го заокружи ова летно издание.

Во прашање е преубава креација со точки од познатиот шпански бренд „Ganni“ чии фустани ги обожаваат и многу познати дами како Џесика Алба, Маргот Роби, Алекса Чанг, а мошне се популарни и меѓу нашите познати дами.

Јелена Розга во фустан од овој бренд

Скандинавскиот бренд во 2009 година го основаа брачниот пар Дите и Николај Рефструп кои за брзо време го освоија познатите трендсетерки.

Во прашање е сестрински бренд на „H&M“ до сега стана препознатлив и го обожаваат жени од целиот свет.

Facebook Comments
(Visited 213 times, 1 visits today)