Реклама
Наши ѕвезди

Пејач од Македонија го наежи жирито со својот настап, Гоца беше ВООДУШЕВЕНА – цел живот им помага на другите, а сега …

Реклама

Тој е решен да го оствари својоот животен сон

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Миле Андрески призна дека од мали нозе ја сака музиката и отсекогаш бил во првите редови во школските приредби.

Пејачот од Македонија кој во „Никогаш не е доцна“ ги собра симпатиите кај сите како со својот глас, така и со својата животна приказна.

Маркетинг

Имено, Миле Андрески цел живот им помагал на другите, бидејќи работел како пожарникар, но откако заминал во пензија, на своја 59 годишна возраст, решил да се пријави во популарното музичко шоу за ветерани.

„Јас не знам што е ова, но порано важеше дека лекарите се мошне музикални, но изгледа дека пожарникарите го преземаат приматот“, се пошегува Саша Милошевиќ Маре на сметка на натпреварувачот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Пејачот од Македонија се престави со песна „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ со која посебно ја израдува Гоца Тржан.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Со својата изведба ги воодушеви и останатите од жирито кои цело време додека траеше неговата изведба пееја со него.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Јас се наежив од глава до пети. Почувствував преубава емоција, вие оваа песна ја испеавте на најубав можен начин и што се однесува до мене, навистина направивте прекрасен спомен“ изјави Ненад Манојловиќ Неша.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Пожарникарот ја освои публиката и заради својот шарм и стајлинг. Тој оваа вечер дојде во светкаво сако и црни панталони, па со својот изглед и неверојатен глас ги потсети сите на легендата на поп музика.

„Вие на мене сте ми многу симпатичен, дојдовте во тоа сако токму како Здравко Чолиќ“, констатираше Гоца Тржан.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Инаку, Миле, неодамна се пензионираше, а целиот живот им помагаше на луѓето бидејќи работеше како пожарникар.

Фото: Фејсбук/ Миле Андрески

Музиката е негова љубов од мали нозе и бидејќи сега има вишок слободно време решил да се пријави во ова познато шоу.

Фото: Фејсбук/ Миле Андрески

За себе вели дека е мирен, семеен човек и горд татко на двајца синови од кои едниот го наследил талентот за музика.

Фото: Фејсбук/ Миле Андрески

Фото: Фејсбук/ Миле Андрески

Фото: Фејсбук/ Миле Андрески

 

https://www.instagram.com/p/CVa_7N_sHEz/

https://www.instagram.com/p/CUlPMZwMTDv/

https://www.instagram.com/p/CUTHE0yMqB9/

https://www.instagram.com/p/CSEtLPDsAxL/

https://www.instagram.com/p/CQj9HIOJ5nG/

https://www.instagram.com/p/CQWoX_IJ8rS/

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button