Наши ѕвезди

Пејачката Тања Савиќ објави емотивна порака за своите деца – и Драгана Мирковиќ во солзи заради нејзината тешка судбина

Advertisement

Нејзината објава никого не остави рамнодушен

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Тања Савиќ преку Инстаграм се обрати до своите фанови со емотивна порака со која растажи многумина.

Advertisement

Сите знаат дека пејачката во моментов не е со своите деца, кои се со нивниот татко во Австралија.

Таа деновиве реши да сподели низ каква болка поминува.

„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размисли двапати, еднаш за себе и еднаш за своето дете. Мајката го разбира и она што детето не го кажало. Кога бевте бебиња и на педа од мене, ве покривав со ќебиња за да ве загреат во студените ноќи. Сега кога сте далеку од мене, ги собирам рацете и ве покривам со моите молитви“, напиша Тања во својата емотивна порака со која ги растажи сите.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Со коментар се јави и нејзината колешка Драгана Мирковиќ, која очигледно се растажи од пораката.

Пораката ја напиша заедно со оваа фотографија

Пејачката е тажна откако откако нејзиниот сопруг Душан замина во Австралија со нивните деца Максим и Ѓорѓи.

– Веќе два месеци сум разделена од децата и се што ми е важно, е да ги гушнам, едвај го чекам тој момент. Секој ден разговарам со моите синови преку видео повик, им раскажувам сè што се случува овде, и тие ми кажуваат што се случува таму, како го поминуваат своето време и што прават. Ми недостасуваат многу, ме прават да се смеам по телефон, но не е како кога сум со нив. Авионите сега не летаат, затоа ми беше одземено правото да си ги гушнам децата. Но ќе бидам трпелива, се надевам дека некако ќе отидам до Австралија и дека тоа со коронавирусот конечно ќе се реши наскоро – изјави Тања неодамна и откри дека и покрај целата тага што ја чувствува, таа не си дозволува да плаче пред децата.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

-Често плачам кога сум сама, но никогаш пред нив, но тие иако не го гледаат тоа, го чувствуваат. Навистина ми недостасуваат. Тешко е и за нив, но тие се момчиња, затоа го кријат своето незадоволство и недостатокот на нивната мајка. Тие веќе знаат дека се слушаме секој ден, секогаш во одредено време, заради временската зона. Јас се обидувам да го надоместам што не сум покрај нив, па постојано им велат: „Дојдете, мама ве чека, мама ја чисти куќата“. Се обидувам да останам силна – пејачката вели во сето тоа најважно сега за неа е тоа што нејзините синови се здрави и не страдаат додека се во Австралија:

– Искрено, не ми е гајле што е напишано и што излегува за мене. Она на што мислам цело време се моите деца. За мене е важно тие да се добри, да имаат сè што им треба, а колку што можам да насетам од нивните гласови тие не страдаат за ништо. Сè друго ќе буде и ќе помине, само нив сакам да ги видам.

Она што овие денови ги враќа насмевките на лицето на пејачката е мало милениче кое едвај чека да го однесе кај своите синови Ѓорѓи и Максим.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

– Имаме и нов член во нашето семејство кој едвај чекам да го видат, малечко кученце, мал малтезер кој е кај мене. Им го покажувам на камера и ним многу им се допаѓа, го сакаа да го имаат за милениче – заклучи Тања, која поради вонредната состојба не можеше да отпатува во Австралија, зошто нема државјанство на таа земја.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Го сакам Душан, но не сум среќна во Австралија

Тања открива и дека не е исполнета во далечна земја и дека би сакала да остане во Србија, но дека сепак има емоции кон нејзиниот сопруг:

– Не ми се допаѓа животот во Австралија, ја претпочитам Србија, тоа е мојата татковина, моето семејство и пријателите се тука, тука изградив кариера што сè уште не сакам да се откажам. Што се однесува до мојот брак и Душан, тој треба да одлучи за некои работи. Ние сè уште се сакаме, тешко е да се разделиме, но не сум среќна во Австралија.

Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button