Пејачката после 6 години брак остана сама и сака да посвои дете: Отворено проговори и за другите стравови додека ја гази петтата деценија

Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ признава дека кај мажите умее да препознае страв од тоа што и понудат, па откри дека сака да се оствари како мајка.

– Верувам во таа една средба која, сакате вие или не, засекогаш ќе ве промени. Секој од нас знае да препознае кога ќе му се случи тоа. Многу мои пријатели имаат нормални односи и бракови. Има тука и тага и среќа зошто сето тоа е живот, но заедно минуваат низ се што ги снаоѓа.

Бадриќ смета дека животот би и бил полесен кога не би била позната личност.

„Сигурна сум дека се би било апсолутно поинаку. Да сум обична Нина која работи некоја вообичаена работа, не би почуствувала ниту толку симпатии, но и предрасуди. Од мажите добивам ласкање и комплименти, но го чувствувам и нивниот страв кон себе, прашањето што би можеле да ми понудат“, рече Нина.

Нина беше шест години во брак со Бернард Красниќ, а заедно поминаа вкупно 12 години, па сега присетувајќи се на таа љубов вели:

– Беше тоа младешка љубов. Кога сте млади, ве привлекува хемија, чувствувате пеперутки, се ви е слатко… Но има еден стих на Џибони кој го препознавам како животна вистина – на полињата од соништа не се пуштаат корења. За заеднички живот треба партнер кој ти е првенствено пријател кој те разбира и почитува, а мене многу ми е важна и смислата за хумор.

Нина признава дека се плаши да остане сама и дека нема да основа семејство, но би сакала да се оствари во улога на мајка.

– Мислам дека во секоја жена гори жарот за мајчинство, но кога ќе помине некое време, почнуваш и на тој исконски нагон поинаку да гледаш. Би сакала да посвојам дете зошто мислам дека многу можам да му дадам на некое мало суштество. Сепак за таква одлука човек мора да биде многу сериозен и одговорен. Од друга страна, никогаш не знаете што животот ви носи. Познавам мајки кои мајчинството ги изненади во покасни години, кога веќе мислеле дека такво искуство повеќе не може да им се случи, заклучи Нина.

 

(Visited 2.848 times, 1 visits today)