Пејачката Николиќ има нов љубовник – Раста полудел кога дознал за кого станува збор

Во љубовниот живот на познатата пејачка Ана Николиќ има нови интересни детали

Ана Николиќ во последно време може да се пофали со својата нова линија, но и со новото момче. Имено медиумите од соседството пренесуваат дека убавата пејачка пред два месеци запловила во романтична врска со извесен Иван, кој инаку е нејзиниот личен шофер.

ADVERTISEMENT

Оваа информација прв ја објави српскиот Телеграф, а Ана оваа информација ја криеше од јавноста, но и од нејзиниот поранешен сопруг.

Промената во љубовниот живот на пејачката се случува две години откако се разделија со реперот Стефан Ѓуриќ Раста.

„Кога Раста слушна дека Ана е во врска со шоферот, полуде потполн, а Ана е пресреќна во новата врска. Иван кон неа се однесува како кон принцеза. Тој дури и ја натера Ана да ослабне“, вели извор за српскиот „Телеграф“ и додава дека тие веќе со години се познавале.

„Иван води многу сметка за ќерката на Ана и се однесува убаво кон неа. Едноставно, тој е вистинскиот човек за неа. Се грижи и за неа и за детето, а Ана покрај него се чувствува сакано и вредно“, додава изворот.

Facebook Comments
(Visited 286 times, 7 visits today)