Пејачката Ирена Спасовска во акција – погледнете, го соблече и последното парче облека и ПОВТОРНО ги запали социјалните мрежи

Нашата позната пејачка направи хаос на социјалните мрежи

Ирена не престанува да ги воодушевува своите верни обожаватели, а овој пат им приреди вистинско изненадување со фотографија на која позира како од мајка родена.

ADVERTISEMENT

Откако претходно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија на која во преден план ги исфрли своето деколте и новата тетоважа на нејзината рака, Ирена Спасовска реши да отиде и еден чекор понатаму.

Фото: Јанус (Фејсбук/ Ирена Спасовска)

Имено, на фотографијата познатата фолк-пејачка го соблече градникот и само со раката ги покри облините, а во коментарите напиша:

„Некои жени стареат како кондури, а некои како вино. Happy birthday to me“

Инаку, познатата фолк-пејачка и неодамна со нејзините провокативни фотографии на кои позираше во костими за капење предизвика лавина од коментари.

Фото: Јанус (Фејсбук/ Ирена Спасовска)

И додека нејзините обожаватели будно ја следат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, други ја критикуваат што објавува фотографии во костими за капење, па дури и затоа што се тетовирала. И тоа е во ред, но се си има свои граници, а како што вели и самата Ирена, „на плажа се оди во костим за капење, а не во чизми и закопчана до грло!“.

Фото: Фејсбук/ Ирена Спасовска

Но очигледно дека Ирена не е премногу загрижена за негативните коментари што ги пишуваат за неа, а што се однесува за хејтерите, таа вели:

„Само неисполнети луѓе критикуваат така. Оние што се реализирани немаат време да се замараат со туѓи животи. Ќе си го тераат својот. Но тие не се воопшто важни. Важни се делата, а конкретно на мене ми важна мојата публика, луѓето што доаѓаат на моите настапи, и секако вистинските пријатели и колеги со кои имам соработка. Но јас ги жалам оние кои поради својата огорченост неограничено и слепо веруваат во точноста во својот суд. Но мене оџакот ми чури нагоре, зборувале тие или не. А што се однесува до моите фотографии, на социјалните мрежи го правам она што ми се прави и објавувам фотографии какви што сакам. Тие се мои и тоа го правам за мојата верна публика. Нив им се допаѓа тоа и се додека е така ќе го правам тоа. И мислам дека тоа не треба никому да му смета, нели? За мене е најважно да сме луѓе! Луѓе со душа! Наместо да се мразиме и хејтаме, треба да си помагаме едни на други. И секако, без разлика на годините да се чувствуваме живи. Да се дружиме со пријателите, да уживаме во секој момент и во сето она што ни го носи животот. Наместо омраза, да се смееме, да се сакаме. Зарем има нешто поубаво од тоа?“.

Фото: Фејсбук/ Ирена Спасовска

 

Facebook Comments
(Visited 9.032 times, 1 visits today)